Насловна фотографија: Мартин Саровски (Белград)

 

Избегнувањето да останеш сам во Скопје за продолжен топол викенд е еден од посериозните предизвици со кои се соочуваме.

Ок, не е. Само си сакаме драма. Но факт е дека пред нас стојат 4 неработни денови, кои некои би рекле дека се далеку посимпатични од оние вистински-летните во јули, кога повеќе преживуваме високи температури од што уживаме во тоа дека конечно носиме шорцеви.

Стандардните опции за продолжен викенд се кај другарот на другарот во викендица, заминување 2 часа порано од работа последниот ден и фаќање правец Грција, добра екскурзија со нискобуџетен лет која одамна ја темпираше да не ти одземе од деновите за одмор или уживање на самотијата на градот празен.

Ако не си од овие последниве и празен град не те опушта туку те тера да размислуваш на животни прашања кои секојдневно се бориш да ги игнорираш – еве неколку ствари што можеш да ги одлучиш авантуристички, во последен момент.

 

 

Балкан

„Странство“ не мора секогаш да значи селфи пред Fontanna di Trevi. Белград е феноменално место, што дури и да си бил неколку пати во последните 10 години, секогаш продолжува да изненадува. Непресушен балкански извор на интересни места, локали и луѓе.

Ако патот те води накај Белград, наш предлог е – појадувај во Red Bread, потоа фино најаден пушти се на пијачка во Zaokret, Sprat или Lift (сите се наоѓаат во иста зграда) и на крај премини на сладолед во Moritz Eis.

 

Афитос (Грција)

Ако повеќе си за плажарење, тогаш нема да згрешиш со Афитос (Грција). Во Афитос имаш на понуда неверојатна природа, пејсажи и плажи и секако на само три-четири километри од Афитос се наоѓа Pearl Club, 🙂 центарот на ноќниот живот на првиот крак на Халкидики.

Трета опција, на која можеш брзо да се одлучиш за излез од Макдонија, е плажата Дерми во Албанија, прекрасна медитеранска убавица која кон крајот на месец јуни ќе биде домаќин на првото издание на Kala Festival. Отиди порано за да опипаш терен.

 

 

 

Македонија

Ако се решиш да се движиш во границите на Македонија, тогаш можеш да отидеш на 37-то традиционално искачување на „Титов врв 2018“, манифестација во организација на ПК Љуботен од Тетово. Постои можност за еднодневна и дводневна акција. За повеќе инфо провери тука.

Следната опција ти е Охрид, за кој не најдовме баш некоја конкретна понуда, но сигурни сме дека веќе имаш испробано и најдено опција што секогаш ти одговара. Во овој момент можеби најпаметно ти е да бараш некој кој веќе има план и резервација и да се додадеш на групата.

 

Титов врв

Трета добра опција е да се пуштиш до Битола на концерт на dRUMELDOY во Камарите, а следниот ден, од Битола да се упатиш на еднодневна џип екскурзија од Пелистерски очи до Национален парк Пелистер. Се работи за средно-тешка тура во времетраење од осум до десет часа.

 

 

 

Скопје

Ако си од оние кои веруваат дека Скопје е најубаво кога е празно и се чудиш како може другите досега да не го сфатиле тоа, сепак не значи дека треба да го поминеш денот со филмски маратон и Coca Cola.

Ако веќе се решиш на потегот „ќе останам во Скопје од инает“ тогаш гледај да си поминеш квалитетно. Уште во четврток можеш да провериш што се случува на Chill The Funk OUT!, отворена chill зона во Градскиот парк, каде ќе има од графити и квалитетна музика.

 

Синестетика

Ако не попуштиш и останеш во Скопје до сам крај, тогаш можеш да го посетиш првенчето на фестивалот Синестетика, во недела, со почеток во 12.00 часот.

За било какви други информации околу културната програма во Скопје провери „Што има во град“ и информирај се.

 

Comments

comments