Оваа година, деветти пат по ред се оддржува Пиволенд. Фестивалот започна во средата и трае до денес (4 септември). Локацијата, се разбира, традиционално е скопското Кале.

Искрено, не можевме да отидеме на претходните, ама вечерва нема да ја пропуштиме. Зашто Пиволенд ќе го заокружат некои од нашите фаворити: Флукс, Project Orpheus и Фолтин.

 

[20.00 – 21.30] Флукс

Скопските панкери присутни на македонската сцена уште од 1994. Во бендот, иако веќе добро знаете, членуваат: Зајо, Марко, Данко, Мишко и Дарио. Се надеваме од Флуксовци да ги чуеме во најмала рака „Убијците на овој град“, „Животиште“ и „Нашите девојки“.

 

Project Orpheus во нивното студио, во припреми за вечерашниот настап /// Фото: Стефан Рајхл

Project Orpheus во нивното студио, во припреми за вечерашниот настап /// Фото: Стефан Рајхл

 

[23.00 – 00.30] Project Orpheus

Постојат од 2013, а создадени се од Давид Димовски, артист и автор.

„Ако сакате музика што жанровски, тематски и шаблонски не се оградува; вистинити или пак фиктивни наративи, кои со подеднакво внимание ги третираат малите, прецизни, како и големите, широкоопфатни апстрактни сценарија, појави и случки; или пак едноставно сакате да чуете различни акустични инструменти, во константна, испреплетена игра помеѓу звуци на егзотичен фолклор, наспроти мотиви од модерната ера и инструментариум, тогаш ќе ви се допадне Project: Orpheus.“ — Давид Димовски

Доколку сакате да чуете нешто поинакво од вообичаената македонската музика, нивниот настап не треба да го пропуштите.

 

Фолтин @ Конкино 2016 /// Фото: Александра Костадиновска

Фолтин @ Конкино 2016 /// Фото: Александра Костадиновска

 

 

[00.30 – 02.00] Фолтин

Фолтин е бендот кој секогаш звучел феноменално (не само) во живо.

Годинава го одбележаа и својот 20ти роденден, а во текот на летово бендот слави заедно со своите обожаватели, на бројните концерти и настапи на домашни и странски фестивали.

Последен пат ги гледавме во Кокино – што беше дефинитивно една од работите кои ни го обележаа летото, заедно со песната „Штета“ (на Пијан славеј, пејачот на Фолтин и Гоце Јованоски, басистот на Фолтин).

 

Comments

comments