Откако ве запознавме со идентитетот и карактерот на настанот на месецов, Земјотрес 4 на мета ни дојдоа Project Orpheus (името морам да признаам ми звучеше како проект на некој луд научник).

Се работи за прототипското дело на Давид Димовски, кое всушност претставува една интроспективна колекција на музичарот, уметник, автор, активист и студент на англиската литература. Тој на еден деликатен начин емоционално и интелектуално ги поттикнува слушателите преку невообичаените сценарија низ кои всушност ги води музиката и наративите на проектот.

 

 

Составот на Project Orpheus е:
Давид Димовски (автор, вокал, акустична гитара)
Александар Ванчовски (тапани)
Мартин Јосифовски (бас гитара)
Виктор Филиповски (перкусии)
Иван Петровски (електрична гитара, тамбура)
Неврус Бајрам (електрична гитара)
Владимир Крстев (виолина)
Стефана Марковиќ (флејта)
Оливер Настовски (ут, тамбура, кавал, гајда)
Ивица Јанкуловски (саунд инженер)

Па ако ве води патот накај МКЦ овој викенд (Земјотрес 4, 06.02.16), ќе имате можност да го проследите нивниот прв настап во живо за 2016 година и промоција на нивниот прв албум „Shaping The Static“ .

 

Comments

comments