На 13 ноември (вторник), во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во 19.00 часот ќе се случи промоција на монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)“ од Ерина Богоева, со која ќе бидат одбележани 74 години од ослободувањето на Скопје.

Книгата на Ерина Богоева е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и истата содржи вкупно 80-ина фотографии. А промотор на монографијата ќе биде архитектот и фотограф Александар Наумчевски.

 

 

Во фокус на монографијата се 30 објекти од јавен и резиденцијален карактер, меѓу кои: Управата за хидрометеоролошки работи, Телекомуникацискиот центар, Градски ѕид (блоковите и кулите), студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот на Армијата, Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ и други.

Проектот е поддржан од Град Скопје, како дел од конкурсот за проекти од областа на културата кои би го застапувале или збогатиле културниот живот на градот.

 

Comments

comments