Доделуваме вкупно 10 карти (по 2 карти на 5 читатели) + 2 ЦД-а за концертната промоција на „Heaven Can Wait„, вториот албум на Khara. Повеќе инфо тука.

 

На 21 септември, со почеток во 21.00 часот, во големата сала на НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово ќе се случи концертна промоција на вториот албум на Khara, „Heaven Can Wait“.

Khara е дефинитивно еден од оние македонски бендови кои вреди да ги знаеш и во континуитет да ги следиш. Се работи за инструментален пост-рок бенд од Куманово формиран во 2014 година. Позади себе имаат еден студиски албум, There Were Heroes Amongst Us, а на 21 септември ќе имаат концертна промоција на нивниот нов, втор албум, наречен „Heaven Can Wait“.

 

 

Според зборовите на членовите „Heaven Can Wait“ е: „Лирична посвета кон сите луѓе. Низ целиот процес на негово креирање бевме водени од нашата искрена емоција, меморија, среќа, болка, тешкотија, изгубени моменти и изгубени личности. Секоја песна претставува одреден момент од нашите животи со неизмерна важност, нешто што никогаш нема да се повтори. Сите ние сме важни и имаме свое место на овој свет, па затоа заедно можеме да кажеме – Heaven Can Wait.”

Картите за концертната промоција на вториот албум на Khara се во претпродажба по цена од 100 денари, во Кафе бар Агора и Трговски.

 

Comments

comments