Доделуваме 50 влезници за промоцијата на „Импулс“, првото издание на Funk Shui за Авалон Продукција, што ќе се одржи на 25 април во Станица 26. Лајкни го статусот на Facebook и тагни пријател/ка (во коментар) со кого би сакал да одиш на настанот. Добитниците ќе бидат одредени на 25.04.2018 (среда).

 

Оваа среда, на 25.04.2018, во клубот Станица 26 ќе се одржи концертна промоција на „Импулс“, првото издание на Funk Shui за Авалон Продукција.

Настанот ќе биде од затворен карактер и наменет за соработниците и пријателите на Авалон Продукција, медиумите, како и мал број на фанови на Funk Shui. Ексклузивно за Reborn, Авалон и Funk Shui одвоија 50 влезници само за нашите читатели.

Funk Shui е еден од оние македонски бендови што навистина вреди да ги знаеш. Тие најлесно се дефинираат како комбинација на повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Бендот е основан пред 8 години во длабочините на МКЦ, а се состои од три млади таленти (Лука, Давид и Мики), кои создаваат одлична авторска музика.

 

 

На промоцијата, Funk Shui во живо ќе ги изведат новите два сингла „Стаклени нозе“ и „Виулица / Сомнежи?“, кои се дел од новиот албум на Funk Shui што е во фаза на подготовка и кој се планира да излезе годинава. Покрај изведбата на најновите два сингла, на промоцијата ќе биде презентирана и музика од нивните претходни изданија.

 

Comments

comments