По четири години, Давид Ангелевски – Пиколомини се враќа со нов албум кој е насловен „Бела птица, црн бран“ и содржи 10 песни. Промоцијата на албумот ќе се одржи утре (6 септември) со почеток во 20.00 часот, во Ла Кања бар.

Се работи за музички преплет составен од песни во post punk, indie pop и new wave манир, но со многу стилски варијации. Авторот вели дека е и политички силен приговор на реалноста, но и акт на музичка љубов и можно прибежиште за неприлагодените на овој засега тешко разбирлив век, барем за оние родени и делумно пораснати во минатиот.

 

 

Како гости на овој материјал се појавуваат и вокалистките Кристина Горовска (Bernays Propaganda), Надежда Рубен (Поган паган) и Соња Димитриоска (КЛО). Комплетниот материјал авторски и продукциски е потпишан од Давид Ангелевски, а фотографијата за обвивката ја изработи Иван Илиев.

Албумот „Бела птица, црн бран“ ќе биде достапен на ЦД и во дигитален формат во издание на независната издавачка куќа Шарла.

 

Comments

comments