На 23 и 24 март, со почеток во 20 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи концертна и винил промоција на „Пази Куче”, првиот соло албум на Васко Атанасоски.

„Пази куче” e првиот соло албум на еден од водечките македонски андерграунд изведувачи, Васко Атанасоски. „Пази Куче” е копродукција на Geenger Records од Хрватска и Balkan Veliki Балкан Велики, издавачката куќа на Атанасоски.

Во овој албум, Васко Атанасоски се јавува во улога на продуцент, автор на текстови, музика и аранжман, вокал, гитара и бас. Како главни соработници при изработка на албумот се јавуват Дени Крстев (програмирање на ритамот, клавијатури и мастеризација на звук во Studio 1060); Кристина Горовска од Bernays Propaganda и mike watt (Minutemen, Iggy Pop And The Stooges) во улога на дизајнер на задната страна на албумот. Дизајнерското решение на албумот е на Иван Антуновиќ.

Влез: 200 денари во претпродажба со подарок ЦД од албумот „Сиромашни и богати” на ХАХАХА, а 300 денари на врата без ЦД.

 

Comments

comments