На 21.03.2018 (следна среда) во MKC Club & Restaurant ќе се случи промоција на книгата „Урбанон”, прва на младиот писател Марио Савовски кој го познаваме од кампањата Reborn x Skopsko Smooth.

Минатата недела низ македонските медиуми и социјални мрежи се вртеше прашањето – „Што е 0101001101001011?“, а заедно со него и вебсајтот кој покажуваше видео на човек кој лебди над МРТВ и тајмер кој одбројува т.н. „Време до откривање“.

 

 

Одговорите на овие прашања беа објавени и лежат во книгата „Урбанон“ на Марио Савовски. „Урбанон“ претставува нешто што го немало досега кај нас – Alternate Reality Game, или АРГ, комбинација од повеќе интерактивни медиуми во раскажувањето на една приказна. Книгата го вовлекува читателот во светот на урбаните легенди и ги прикажува приказните во форма на извештаи направени од страна на тајна организација, која проучува паранормални настани.

Воедно, ова е и првата интерактивна промоција на книга, каде посетителите не само што ќе можат да ја купат книгата, туку ќе имаат шанса на самата локација да влезат во нејзиниот свет и да откријат дел од приказната.

 

Comments

comments