Фотографии: Александра Костадиновска

 

Овој текст е вториот по ред во кој бараме здрави и вкусни алтернативи на популарни брзи јадења.

Во овој серијал од текстови приготвен во партнерство со Oriflame и нивната нова Протеинска мешавина која може да се додаде на секое јадење без да го промени вкусот, спремивме вкупно 3 здрави алтернативи на популарни брзи јадења, сите од нив додатно појачани со протеини.

Овој беше „најчудниот“ од трите рецпети кои ги приготвивме. Јас обожавам пица и искрено мислам дека е невозможно вистински да се замени. Но токму поради тоа бев највозбуден да го пробам токму овој од трите рецепти – јадење кое никој од нашиот тим досега го немаше пробано.

Како направивме поздрава верзија на пица? Накратко, тестото го направивме од карфиол и му додадовме Протеинска мешавина.

 

 

Потребни состојки:
  • 1-2 глави карфиол
  • 1 јајце
  • Сол, бибер, оригано, и лук (во прав)
  • Моцарела или проволон кашкавал
  • Маслинки
  • Свежи печурки
  • Свеж црвен кромид
  • Сос од домати (може да направите домашен, а може да корисите и веќе готов сос од продавница)
  • 1 супена лажица Протеинска мешавина од Oriflame

 

Начин на примпрема:

Бидејќи процесот на припрема е подолг од оној на другите рецепти, ова видео може да ви биде од помош.

Најпрвин, загреј ја рераната на 260 степени.

 

(1) Искрши го карфиолот

Искрши го карфиолот на ситни парчиња и стави го во блендер или во процесор за храна (крајната смеса треба да биде ситна како ориз).

 

(2) Свари го карфиолот

Наполни голема тава со 2-3 цм вода и зовриј ја. Додади го карфиолот и покриј го со капаче. Остави го да се вари 4-5 минути и исцеди го низ ситно перфорирана цедалка (или во газа како на видеото погоре).

 

(3) Припреми ја смесата за „тестото“

Во голем и длабок сад стави го исцедениот карфиол и додади му едно јајце, сол, бибер, оригано, лук, кашкавал, и 1 лажица од Протеинската мешавината на Oriflame. Убаво измешај го за да изгледа налик „тесто“.

 

(4) Испечи го тестото

На тава стави хартија за печење и направи го тестото во форма на пица. Рерната би требало да е веќе загреана на 250-260 степени. Стави ја пицата во рерна да се пече 15 минути.

 

(5) Нареди додатоци

Кога тестото е скоро готово извади ја пицата за да ја наредиш со твоите омилени додатоци. Ние одбравме сос од домати, маслинки, црвен кромид, печурки и кашкавал.

 

(6) Врати ја пицата да се допече

Во овој момент можеш да ја намалиш рерната на 200 степени. Врати ја пицата со додатоци за да се пече уште 5-7 минути. Следи ја внимателно и внимавај да не загори.

 

Comments

comments