Фотографија: Ѓорѓи Вацев

 

На 16 септември (недела) составот „The Mole Pack“ со концерт ќе го промовира својот прв албум – „Gamblin’ Man“. Настанот ќе се оддржи во клубот Маракана со почеток од 21 часот, а влезот е бесплатен.

Музиката на „The Mole Pack“ е инспирирана од прогресивната сцена на 1960-тите години. Составот го сочинуваат: Алек Ѓорѓиески (вокал, усна хармоника), Димитар Даневски (гитара), Теодор Бошков (бас), Дарко Стојоски (гитара), Гишо Динев Gisho Dinev (бубањ) и Бранко Шапламанев (клавијатури).

Пред концертната промоција, составот објави уште една песна, со наслов „You Were Just Аn Illusion“.

 

 

Comments

comments