Викендов оиоцијално заврши првиот циклус на конкурси на House of 1000 Designers. Еве неколку важни ствари околку сето тоа:

(1) Добивме околку 100 апликации! Реално, тоа е повеќе од што очекувавме и тоа е прекрасно! Можеби се уште не сме си го заработиле името „1000 Designers“, но дефинитивно сме на добар пат. Фала ви на сите што одземавте време да ги споделите вашите идеи. И како што имавме веќе исфантазирано – се пријавија луѓе со различни позадини и искуства. Добивме се – од рачно исцртани скици, до раскази, до професионално изработени модели со цели презентации.

(2) Жирито, кое е составено од наши Македонски а и неколку странски судии, убаво ќе ги разгледа сите апликации во текот на оваа и наредната недела и ќе ги прогласи победниците на 7 јули (тоа е следниот петок).

(3) Во мегувреме ќе биде објавен и вториот циклус на конкурси. Ова е особено добра вест за сите кои не успеаа да испратат апликација на време. Новите конкурис (ќе има минимум 3) ќе бидат официјлано објавени на www.ho1000d.com во понеделинк (03.07.2017).

Следете ги House of 1000 Designers на Facebook за повеќе информации.

 

Comments

comments