Тони Димитров и Мартин Георгиевски, претставувајќи го независниот македонски издавачки лејбл „Post global recordings“, ќе учествуваат на првото Биенале на западен Балкан кое ќе се одржи во Јанина од 11 до 14 октомври 2018.

Мултимедијалните уметници ќе настапат на самото отвoрање на биеналето со перформанс. „Post global recordings“ исто така ќе биде дел и од звучната изложба „Sonic Minds: Mnemonic Passages“, која е нематеријална и концепирана за мобилна апликација.

 

 

Инаку, Биеналето на западен Балкан (The Biennale of Western Balkans) е нов уметнички и културен настан и институција, кој се одржува за прв пат во градот Јанина, во регионот Епир. Програмата содржи главен настан, три изложби, три конференции и работилници. Биеналето поставува рамка за да предвиди создавање на виртуелен музеј за нематеријално културно наследство и современа мисла.

 

Comments

comments