Видео: Михаил, Александра и Димитар

 

Неколку пати досега нè имаат прашано да ги наброиме скопските мангупки. Во ниту една од тие прилики не сме заборавиле на девојките од Tiiiit! Inc.

Но мангуплукот на страна, овој пат фокус на дружбата не беше добар муабет за саботна вечер, туку петтото по ред издание на фестивалот Прво па женско кое се приближува. Како што му доликува на еден убав повод како овој, со Јана и Кристина викендов разменивме неколку прашања и уште толку парчиња роденденска торта. Се гледаме на 18-21 мај во МКЦ.

 

* Фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ е поддржан од Европската Унија и FRIDA Young Feminist Fund. Содржината на активностите поврзани со фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ е одговорност единствено на “Тиииит! Инк. – Скопје” и на ниеден начин не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Comments

comments