Утре (20 јуни) е последен рок за пријавување на 5 дневна работилница за мебел и декоративно осветлување во Јавна Соба, отворена за сите студенти на факултетите на дизајн.

Работилницaта во Јавна Соба ќе трае 5 дена, од 26. јуни до 30. јуни , секој ден од 10 до 15ч. Во текот на овие денови е предвидена програма според која ќе се истражуваат пазари, материјали, ќе се разговара за дизајн, ќе се скицираат концепти и ќе се изработуваат макети за производи, како што се парчиња мебел и декоративно осветлување. Во периодот јули – август да бидат изработени овие концепт производи, додека во септември ќе се изработуваат промотивни материјали за нив, а на крај е предвидено претставување на производите пред пошироката јавност преку продажна изложба и онлјан медиуми.

 

За кого е наменета:

Работилницата е наменета за сите студенти кои сакаат: (1) да научат како од идеја се доаѓа до готов производ подготвен за продажба во продавница, (2) да дознаат како може да се заработува како дизајнер, (3) да го искусат целиот процес на истражување, производство и промоција, и (4) да го увидат бенефитот од тимска работа.

 

Ментор:

Тамара Георгиевска – индустриски дизајнер

 

Како да се пријавите:

Потребно е да испратите портфолио со вашите студентски проекти, CV, како и краток опис (еден параграф) зошто сакате да учествувате на работилницата на tamara@publicroom.org. За фајлови поголеми од 5MB, Ве молиме користете www.wetransfer.com. За учество на работилницата ќе бидат одбрани до 10 студенти.

 

Comments

comments