Почнувајќи од петок (28.12.2018) па сè до првиот ден од новата година, во Маврово ќе се случува првиот зимски музички фестивал, Ray of White.

Ray of White Festival е четири дневен настан кој ќе се одржува во барот, дел од Ски Школата во Маврово, под покровителство на Neuland, кој на самото подножје на скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово ќе претстави едно поинакво искуство, комбинирајќи три територи: Sound, Taste и Vision, кои се спојуваат за да ви понудат неочекувани и несекојдневни искуства.

Фестивалот преку 14 диџеи, 2 кувари и 1 визуелен уметник конечно ќе го врати во фокус белиот зрак на Маврово.

 

 

За Sound и Vision делот, кој ќе се оддржи на две локации (во Ски Школата на Маврово и клубот Ратрак) задолжени ќе бидат Audiobahn, Марко Рикалоски, Скопски Грув, Пицек, Херцел, Ивана Драгшиќ, Soul Case, Kox, Emi Ermilova и Ux, а на 30 декември може да очекуваме и surprise set во организација на Longbus. За целосно доживување, клубот Ратрак ќе вибрира со high end звучна и визуелна опрема и визуелни проекции на уметникот Доротеј Нешовски. Интересен факт, кога веќе сме кај музичкиот дел, кој не смееме да го запоставиме е тоа дека на Ray of White ќе гостува хрватскиот диџеј Марио Колониќ – Пицек кој професионално диџејствува скоро-па-цел живот и ги поминал сите сегменти на клабингот – од водење на клуб и организирање фестивали па се до помали настани и гостувања на фестивали.

 

 

Додека пак во делот на Taste, главниот збор ќе го имаат младите, но веќе искусни кувари, Олег Забазновски и Пол Карајази на 29 и 31 декември во Ски Школа.

Детални информации за билети и целосна програма тука.

 

Comments

comments