Reborn ќе биде еден од тимовите-готвачи на настанот Jack Daniels BBQ SaturDay’s во кој сите јадења како главен „зачин“ ќе имаат Jack Daniels.

Настанот кој ќе се одржи во BackYard Lounge Bar ќе започне во 14.00 часот на пладне, а тимот на Reborn ќе покрие дел од мени-то со американските бургери со велешки шмек на Диме. Покрај нашиот тим, за пополнување на празните стомаци ќе се погрижат Fat Cacko и тимот на BackYard со Baby Ribs, Pork Chop и Hot Dogs.

За музичкиот дел на настанот задолжени се DJ Oky Doky и DJ Strike STR.

 

Додека чекате да огладнете, мало потсетување за тоа како си поминавме последниот пат во BackYard.

 

Comments

comments