Фотографии: Елена Фиданска
Готват: Ања и Давид

 

Ако си моја крвна група тогаш кога збориш за супа, збориш за супа од кесичка.

Па прва нежна приказна што ти паѓа на памет кога се зборува за супа е сеќавањето од детството во кое мајка ти те испраќа до продавница со список на намирници, а на него стои „супа, таа со петелот“.

До пред некое време „рамен супа“ ми звучеше како нешто од друга, понапредна планета од нашата. Нешто што изгледа комплицирано за готвење, а и за јадење. Како и кој јаде со стапчиња?! Но едно нешто никогаш не негирав – дека е феноменално вкусна.

Рамен супата всушност има многу вариации, но секоја варијација се базира на истото: нудлс, супа, додатоци, зачини. За петтата и најбитна состојка треба да имаш добра помош. Во нашиот случај, јас бев помошта.

Јапонските мајстори поминале децении во усовршување на тајните во подготовка на рамен. Ние сме само скромни ученици кои признаваме дека можеби не го имаме совршениот рецепт и вештини, но имаме неверојатни количини желба и потреба за добро јадење.

 

Рамен супа
Време за подготовка: 2 саати
Служи: 4 порции

 

 

Потребни состојки:
  • 4 варени јајца
  • 4 пакетчиња нудлс рамен
  • 3 главици лук
  • 2 главици млад кромид
  • 2 парчиња ѓумбир
  • 400 грама сланина
  • 1 килограм свински коски
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 2 супени лажици масло од сусам
  • Соја сос

 

1. Маринирани јајца

За оваа потреба јајцата се варат 5 до 6 минути. Во длабок сад стави соја сос, малку рендан ѓумбир за вкус, лажичка шеќер, и една главица сецкан лук. Додади ги јајцата во садот и остави ги да отстојат во текот на една цела вечер.

 

 

2. Почни да ја приготвуваш супата

Исецкај ѓумбир и лук. Наполни длабок сад со вода и стави го на оган. На водата додади ги коските, исецканиот ѓумбир, лукот, малку соја сос и масло од сусам.

 

 

3. Препреми ја сланината

Додека се подготвува супата, исецкај ја сланината и стави ја во сад за печење, премачкан со масло за готвење. „Премачкај“ ја сланината со лажица шеќер и покриј ја со фолија за готвење. Сланината печи ја 20 минути на 230 степени, а потоа уште 15 минути на 130 степени. Последните 15 минути од печењето, отстрани ја фолијата за сланината да стане крцкава.


 

 

4. Припреми ги раман нудлсот

Полиј ги раман нудлсот со зовриена вода. Остави ги да отстојат 5 минути и исцеди ја водата.

 

 

5. Сервирај и уживај

За сервирање – во мал, длабок сад додади супа, парче сланина, нудлс, малку сецкан кромид и едно маринирано јајце пресечено на половина.

 

Comments

comments