Фотографии: Александра Костадиновска

 

Вечните разговори за тетоважи кои ги сакаме и размена на тату-артисти што ги манијачиме на Инстаграм, се едни од темелите на кои се потпира пријателството на нашиот тим.

Сите имаме по некоја, а сакаме уште по неколку. Обожаваме сè што доаѓа во пакет со оваа суб-култура до степен што и некои од нашите мајки веќе се одлучија на тетоважи. А омилен дел ни е фактот што културата рапидно се развива во Македонија, не планира да сопре, а талентирани, локални тату-артисти среќаваме сè почесто.

Во продолжение се некои од нашите омилени, кои искрено им ги препорачуваме на сите кои сè уште се двоумат за кој тату-артист да се одлучат. Разговаравме со Стефан Јованчевски (Пикси Микрограмс), Драган Китановски – Драш и Блаже Атанасов и ги прашавме околу нивната кариера и неколку практични ствари кои сите нè интересираат.

 

Стефан Јованчевски (Пикси Микрограмс)

Од 2016 си дел од тимот на Еминимал Тату Студио, во кое работиш заедно со Емилија. Што се се случуваше пред 2016? Кога прв пат ја доби идејата дека треба да бидеш тату-артист?

Најпрвин започнав со реализација на дела од локалните тату артисти во Куманово, некаде при крајот на основното училиште. Тогаш почна да се менува мојот став околу тоа што е табу и истовремено да се развива љубовта према тетоважите.

Пред 6 години за прв пат, аматерски започнав да се занимавам со тетовирање, кога позајмив машинки и електроника за да видам како функционира процесот. После оваа прва проба, имав пауза од неколку години, кога собирав средства за своја професионална, тату опрема.

 

DIESEL маичка

 

Луѓето што се тетовираат за прв пат често се под стрес и не знаат како изгледа тату бон-тонот. Што би рекол дека се 3-те најдосадни или најчудни работи кои луѓето ги прават кога ќе дојдат да се тетовираат, а кои би ги советувал да прекинат да ги прават?

Искрено, клиентите што доаѓаат прв пат и кои се под стрес и под влијание на адреналин се многу попедантни во текот на работата и во процесот на заздравување, наспроти клиентите со искуство.

Прашања кои секојдневно ги добивам се:

Дали боли? – Да, нормално дека боли.

Дали смее да се пие алкохол после тетовирање? – Да смее, но не смее пред тетовирањето.

Колку би траел процесот на изработка на тетоважата? – Зависи од комплицираноста на тетоважата и од самата кожа на клиентот.

 

DIESEL маичка

 

Роден си во Куманово, а живееш и работиш во Скопје. Како изгледа моментално тату-сцената во Куманово?

Моментално мислам дека има само едно тату-студио во Куманово. Порано имаше многу повеќе тату артисти. Поголемиот број од нив сега се во странство, поради што е прилично стишана кумановската тату-сцена.

 

Следи го Стефан на Instagram.

///

 

 

 

 

Драган Китановски (Драш)

Што те привлече кон светот на тетоважите? Кога, и на кого, ја изработи твојата прва тетоважа?

Тетоважите отсекогаш ме привлекувале, бидејќи се интересна форма на изразување и украсување на телото. Првата тетоважа ја нацртав на мојата колешка Инна, пред околу 2 години, кога не знаев ни да држам машинка во рака. Изрази желба да има мој цртеж истетовирано, ми беше многу мило и без размислување прифатив.

 

Како изгледаше твојата припрема и тренинг за да станеш тату артист? Како изгледаат овие припреми кај нас, а како во другите земји?

Јас имав огромна помош и поддршка од Блаже и Инна, за што сум им многу благодарен. Ме учеа и ми делеа совети за целиот процес на тетовирање, од припремата, скицирањето па сè до финалниот дел. За во другите земји не знам како е, знам дека користат вештачки кожи за вежбање. Јас го прескокнав тој дел.

 

REPLAY маичка // TIMBERLAND бермуди

 

Кои три светски тату артисти ти се хит моментално?

Не пратам некои познати и извикани светски тату артисти, посконцентриран сум на тату артисти кои имаат свој стил и тетовираат само нивни дизајни. Претежно ми се допаѓаат old school, traditional, neotraditional и некои линиски и точкасти цртежи, едноставни карактери и форми.

Во моментов ми се допаѓа стилот и уникатните цртежи што ги изработуваат Super Timor од Белград, Smelly Feet од Загреб и Lugosis од Италија. Дури мислам дека кај некои би отишол и без размислување и без однапред договорена скица би седнал да ме тетовираат.

Се случува да треба да поминеш долги часови со еден клиент, додека работиш на тетоважа. Ова е многу време што треба да го пополниш со муабет со непознат. Дали е ова предизвик, како што ни изгледа, или веќе ти доаѓа природно и без никаков проблем? Кои се трите теми на кои најчесто разговараш со клиенти (а да не е за времето).

Зависи од клиентот, некој зборува само за тетовирањето и кажува што сè би ставил на себе, со некои зборувам за музика, со трети за уметност. Во принцип сум зборлест и немам проблем со овој дел.

 

REPLAY маичка // TIMBERLAND бермуди

 

Покрај со тетовирање се занимаваш и со цртање графити. Дали мислиш дека графитите и тетовирањето како суб-култури влијаат на твојот начин на живот и стил на облекување?

Секако дека влијаат. Не можам да се замислам во одело и кондури, дури мислам дека дека би бил и смешен.

 

Следи го Драш на Instagram.

///

 

 

 

 

Блаже Атанасков

Кога и како започна да се занимаваш со тетовирање? Како се споивте со Ирина Цоневска и го отворивте вашето тату студио „Nameless“?

Со тетовирање се занимавам нешто повеќе од 4 години. Започнав сосем случајно и без план дека еден ден ќе ми стане професија, благодарение на Ирина, која патем беше и мојата прва „жртва“. Со неа почнавме заедно да работиме уште пред Nameless, во неколку студија, како гостински артисти надвор од Македонија. Настрана од фактот што ми е девојка, супер ни оди работата заедно, па решивме да отвориме наше студио.

 

Се случува ли нешто интересно моментално на светската тату-сцена? Некој нов тренд или нов напредок во технологија и изработка на тетоважи?

Секојдневно. Речиси е невозможно да се пратат сите новитети. Tетовирањето е далеку од табу-тема ширум светот. Се организираат многу настани и конвенции на кои се појавуваат многу тату артисти, кои го креваат нивото на квалитетот и уметноста на тетовирањето.

 

TIMBERLAND маичка // REPLAY бермуди

 

Колку најдолго имаш работено на една тетоважа? Како се припремаш (физички и психички) пред големи проекти?

Најмногу имам работено 10 до 12 часа во една сесија, но често работам на проекти кои бараат повеќе сесии за да се завршат. Пред поголеми проекти се спремам со тоа што ги советувам моите клиенти да дојдат одморени, најадени и свежи на тетовирање.

 

На кој тату артист би му дозволил да те тетовира „на слепо“? А кого ти би сакал да тетовираш?

AD Pancho во било кое време. А јас би сакал да ги тетовирам сите на кои им се допаѓа мојот начин на тетовирање.

 

Следи го Блаже на Instagram.

///

 

Comments

comments