Што се почасти месецов?

Кога искачаш во работен ден, секогаш наоѓаш добар изговор за пиење. Напиша добар извештај на работа? Си заслужил пиво. Успешно го заврши проектот? Си заслужил пиво. Положи испит кај Таки Фити? Си заслужил пиво. Комшијата го шеташе кучето денес 15 минути порано од вообичаено? Си заслужил пиво.

На сличен начин си наоѓаме причина да се почастиме во месецот и нешто повеќе од чаша добар флуид. За жал, не можеме да си ги приуштиме сите работи кои би сакале, па обично од листата мора да избереме едно-две. Ама фини, какви што сме, ја споделуваме со тебе, може нашите идеи ќе се поклопат со твоите поводи.

 

Блузон од SPRINGFIELD

Уште не сме ја изгледале новата сезона Mr. Robot, ама шансите се големи дека ако рандом улеташ во канцеларијата на Reborn, најмалку двајца ќе носат црн дуксер во моментот.

 

Торба од SPRINGFIELD

Цврсти карактери сме. Не вежбаме само преку лето. Напротив, изгледа дека зимно време непотребните количини ајвар не тераат на сериозност.

 

Ламба од RINOCCA

Оваа недела почнува Skopje Design Week. Rinocca се едни од многуте локални креатори кои ќе се претстават на настанот. Нивните продукти ќе бидат ставени на продажба во Јавна Соба.

 

„Фаќач” од BEARD KING

Совршениот поклон за Movember. Уште подобро, идниот понеделник е Cyber Monday, а ова е единствениот продукт што можеш да го нарачаш само преку интернет.

 

Магнети од ФОРМИ

Уште еден локален бренд што ќе се претстави на Skopje Design Week. Магнетите се дело на Форми, наш нов македонски бренд кој ќе се учествува на настанот оваа недела.

 

Пена за бричење од LUSH

Искрено, не чекаме да дојде Movember за да растеме брада, ама е супер изговор за да и посветиме повеќе внимание од вообичаеното. Dirty изгледа, функционира и мириса неверојатно.

 

Новчаник од KARES

Ако како и нас, ги оставаш зад себе деновите кога носеше огромни новчаници што ти ги кинеа џебовите од фармерките, разгледај ги оние што ги нудат во Kares.

 

Yellow Boots чизми од TIMBERLAND 

Зошто да избереме топло и практично, кога може убаво? А зошто не сите три? Веруваме дека има причина зошто ги носат сите од Kanye West до Gary Oldman.

 

Капут од BOGGI MILANO

И не само црн дуксер. Ако случајно улеташ во канцелариите на Reborn, шансите се огромни сите да бидеме облечени во црно, од глава до пети.

 

Џемпер од BOGGI MILANO

Некои прилики не дозволуваат дуксер. А дури и за оние кои дозволуваат, некои денови се повеќе џемпер-денови од другите.

 

Comments

comments