Пробуваме да се соочиме со фактот дека повеќе не е топло и сезоната на голи нозе официјално зафрши. А кој е подобар начин да го направиш тоа од скролањето по сајтови и бирање на добри парчиња облека во кои ќе ја утопиш есенската меланхолија?
Препознавањето на тоа што го сакаш е само еден чекор од процесот, а ние отидовме до таму што развивме и цела равенка за како да заштедиме доволно буџет за да можеме на нашите плакари да им го дадеме тоа што го заслужуваат. Пример, веќе некое време не излегуваме од дома за на работа без прво да јадеме (мусли со јогурт е дефинитивно најевтината, а вкусна опција), и наместо да купиме прекрасна торта за роденденот на другарката, глумиме дека сме заинтересирани во готвење периодов, па ја печеме сами.
Девојки, разгледајте ја нашата селекција и почнете со калкулациите. Момци, кога девојките ќе ви повторат повеќе од 3 пати дека очајно им треба нов ранец за лаптопот – препознајте ја пораката и верувајте ни во изборот.
Памучен блузон од MANGO
Уште минатата година станавме фанови на комбинацијата добар дуксер и бела кошула. Супер одговор е на сите моменти кога не можеш да си го препознаеш расположението. Ти се носи нешто лабаво или малку покласично? Не си сигурна? Не сме ни ние.
Чадор од MANGO
Никогаш нема да победиш во борба против дождот. Откажи се пред да почнеш и најди начин не само да го преживееш, туку можеби и да уживаш малку.
Ранец од PARFOIS
Ако идеш уште на школо – тогаш си во предност. Ние не идеме, па сме во потрага по изговор за нов ранец. Собира лаптоп, а изгледа добро. Не ни треба ништо повеќе од тоа.
Bomber џакет од SCOTCH & SODA
Минатата сезона не стигнавме да ја купиме бомбер јакната што ја замислувавме. Затоа тоа го правиме оваа година.
Tolix столче од THINK
Септември обично значи нова работа, ама некогаш и вселување со дечко ти. Понесуваме дел од себе и ја обележуваме територијата.
Skinny jeans од MANGO
Skinny jeans нема да прекинеме да носиме без разлика на температурата, ама во октомври го фаќаме последниот воз на искинатите фармерки.
Чајник од леено железо од LASOY
Признаваме, не пиеме чај во лето. Ама кога го правиме тоа во зима, го правиме со стил.
R2-D2 French Press
Единственото нешто на листата што не можеш да го купиш локално. Ама другарот од Америка не е прав другар ако не ти го донесе R2D2 за кој му кенкаш веќе два месеци по ред.