Не сакаш да губиш време по продавници.

Кој сака? Ок, најверојатно многу луѓе, ама не јас и ти. Токму од тие причини нашиот неуморен тим, познат по континуираното нудење на решенија, искенира голем број на продавници и нивните сајтови и ја склопи оваа листа.

Една од одлуките што ја донесовме оваа година е дека тоа што сме возрасни значи дека е време да почнеме да инвестираме. Нема да правиме долги, туку квалитетни листи. Нема да ги шириме плакарите во простор, туку во вредност. Затоа, подолу нашата селекција ги содржи сите парчиња кои реално ти требаат оваа есен.

 

Јакна од DIESEL

Не можеш да згрешиш со маслинесто. Сериозно. Изјавата дека црно иде на сè е неточна во споредба со изјавата дека маслинесто зелена иде на сè. 

 

Ранец од LEVI’S

Максимално сме опседнати со ранци за лаптоп сезонава. А ако купуваме тексас ранец (или било што тексас), нема дилема дека тоа ќе биде од Levi’s. Искрено, би купиле сè што има Levi’s стикер на него. Би го купиле и само стикерот.

 

Тексас јакна од LEVI’S

Моментална инспирација, за скоро сè, ни е „Stranger Things“. И нема ништо по-Stranger-Things од јакнава. За ефектот да биде уште поголем – ја комбинираме со добра музика, со Joy Division, Television и New Order.

 

B&O (BeoPlay A2) звучник

Совршената комбинација на дански дизајн и квалитетен аудио инженеринг. Ако улета некој непланиран проект (читај непланирана добра сума кеш), дефинитивно ја инвестираме во B&O, Ducati во светот на звучниците.

 

Слим пантолони од SCOTH & SODA

Ги гледаме и го замислуваме Бане, па ни текнува дека заслужуваат да бидат основа за секој што се пронаоѓа во normcore-от.

 

POPek скулптура

За сите фанови на легендарното куче на Jeff Koons. Феномелното POPek парче е направено од Whatshisname, артист кој живее во Лондон, и е единственото парче од листата кое ќе мора да го нарачаме преку интернет.

 

Kettlebell железен тег

Во еден момент моравме да се присетиме дека џабе ни се добра јакна и slim панталони ако не изгледаме добро во нив.

 

Даска за сечење од Monozero

Без разлика дали на неа ќе сечеш само кашкавал за во сендвич или лук за пастата со морски плодови – твојата кујна заслужува ваква даска.

 

Специјален сет за вино

Време е да почнеш виното да го двоиш на повеќе типови од црвено и бело. Можеби оваа сезона е онаа кога ќе почнеш своја колекција на добро вино?

 

Wingtip чизми од Bata

Никогаш нема да ги заборавиме првите инспирации. Matt Smith, најдобро облечениот „Doctor Who“, носеше вакви чизми.

 

Comments

comments