Минатата недела пишувавме за неа, а сега логично, на ред е он.
Обраќањево со неа-него ни е тотално неприродно, но кога веќе го почнавме, мора да се придржуваме и да продолжиме, нели?
И овој месец продолжуваме со листите на работи кои ги посакуваме и кои си ветуваме дека еден ден ќе ги имаме. Ги објавуваме јавно од неколку причини: Најпрвин затоа што фини како што секогаш сме, воопшто не ни пречи ако се сретнеме во Кантина носејќи ги истите патики, и второ затоа што и покрај ветувањето и вложениот труд, можеби сепак никогаш нема да ги имаме некои од нив, па кога не можеме ние, бар некој да ги има, нели?
Кошула од Scotch & Soda
Иако уште отприлика месец дена нема да можеш да облечеш кошула, без одозгора да ја покриеш со дебел џемпер, оваа изгледа одлично дури и кога се гледа само 1/10 од неа.
Трегери од Scotch & Soda
Биди искрен, колку пати до сега си помислил на трегери, но не си купил? Можеби сега е вистинскиот момент да бидеш малку похрабар?
Светла за велосипед на магнет
Иако можеби сè уште не си спремен ни да помислиш на велосипедот, пролетта ќе дојде пред да успееш да кажеш „пумпа“. Пречекај ја спремен.
Јакна од Timberland
Како да и одолееш на јакна како оваа која те тера да се почувствуваш како само што излезен од филм на браќата Coen, или уште подобро – како Aldo Raine во Inglourious Basterds.
Книга „Architecture: the Whole Story“
Ги сакаме сите до една книги во Икона. Без разлика дали планираш да се само-почастиш или да ја подариш некому, нема да згрешиш со оваа книга за архитектура.
Џемпер од Scotch & Soda
Еден од проблемите во зима е што после 3 месеци не можеш повеќе да ги гледаш капутот и џемперите. Во тој момент пробај да ја зачиниш играта со неочекуван црвен џемпер.
Карти за „Буре барут”
Добро знаеш дека летоска кога ќе можеш да ги поминеш вечерите на отворено, нема да сакаш ни да се приближиш до театар. Искористи ја сезоната до максимум.
Слика од Сали Ертунч
Знаеш дека секогаш сме расположени за поддршка на локални уметници. Придружи ни се и почасти се себеси (или пријател) со една од сликите на Сали Ертунч.