Јануари 2017, верувале или не, е при крај. Но тоа не не сопира да листаме сајтови и продавници во потрага по добри парчиња што ќе го отсликаат нашиот прекрасен карактер.

Напротив, би рекле дека потрагата и изградбата на т.н. wishlists е уште поинтересна кога месецот (читај, платата) е при крај. Според една не-толку-забавна теорија – парчињата изгледаат подобро кога сонуваш по нив, а не баш можеш да си ги приуштиш.

Една од нашите новогодишни резолуции беше „попаметно планирање на буџетот“. А што е попаметно од однапред планирање на што ќе ја потрошиш следната плата моментот кога ќе ја земеш?

Уживај во нашата селекција за месецов, не се лутиме ако имаш иста јакна како нас.

 

Џемпер од Scotch & Soda

Зашто зимата очигледно ќе поседи уште малку, не е доцна да се почастиш еден добар, дебел џемпер.

 

Капче од Scotch & Soda

Некои би рекле дека е „too much“ ако џемперот и капчето ти се идентични. Ако се чувствуваш особено храбро овој јануари (како нас), ништо не е премногу.

 

Ламба од PRINCIP Urban Design

Аксесоари се најдобриот начин да му додадеш карактер на еден стан. А оваа ламба направена од македонски дизајнери, што можеш да ја купиш преку Модулар, зрачи со карактер. Ха! Pun intended!

 

Чизми од Rossi

Можеби сме веќе досадни. Изгледа како секој вишлист да има по едни chelsea boots. Ама сериозно, постојат ли подобри чизми од chelsea boots?!

 

Чашa за одржување на ладно пиво

Кој вика дека ладно се пие само во лето? Ние сигурно не. Преку цела година уживаме во кафе со мраз и добро ладно пиво. Оваа чаша ја најдовме на интернет, ама дефинитивно вреди да се нарача и почека 10-ина дена.

 

Друштвена игра од Гоблин

Наречи не гикови, ама овој период од годината дефиниција за добар провод ни е минимум 4 часа поминати во играње на квалитетна друштвена игра на топло со пријателите.

 

Капут од Scotch & Soda

Ако сакаш да се чувствуваш како само-што-излезен-од-филм, ти препорачуваме капут како оние што ги носат на Dead Poet’s Society.

 

Билети за „Силјан штркот шанца“

Цело лето ќе го поминеме по улици и кафичи, ја користиме зимата да собереме по некој културен поен.

 

Шал од Scotch & Soda

Имаме еден трик што го користиме во денови кога се чувствуваме ужасно – се дотеруваме. Пробај, додади некое парче во кое ќе изгледаш како реклама за парфем со Gerard Butler.

 

Јакна од Wrangler

А ако не се доживуваш доволно поетски месецов, можеби некоја за нијанса спортска варијанта како оваа јакна ќе ти „легне“ подобро?

 

Comments

comments