Дали и твоите новогодишни резолуции се сите до една (некои директно, а некои подискретно) поврзани со твојот стил на облекување?

Без разлика дали ќе избереш да бидеш засрамена од тоа или горда, ништо нема да се смени. И оваа година ќе продолжиш да ги активираш твоите најдлабоки математички вештини во подеднакво круцијални моменти како и досега – која нула да ја префрлам каде, за да успеам месецов да си купам нови чизми?

Затоа, ние викаме да бидеш горда. Ако доволно пати, на глас повториш дека животот е премногу краток за да го поминеш во лоша облека, или дека само добар стил може успешно да го изрази твојот прекрасен карактер, набрзо ќе почнеш да веруваш. Не се измачувај, тргни нешто за храна, а за останатото – најди добар повод да се почастиш.

 

 

Чоколадо од Нина Симовска

После 20 минути борба со самата себе, доаѓаш до генијално решение – го отвораш, јадеш целото, полниш со памук, го затвораш и да продолжуваш да изгледаш како ништо да не се случило.

 

Капут од Scotch & Soda

Зимата е некаде околу половина, а тебе капутот од минатата сезона веќе страшно, страшно ти здосади? Те разбираме – како треба нешто да те грее, ако не ти прави мерак?! Ние му фрливме око на овој.

 

Зимска капа од Scotch & Soda

Спротивно на популарното размислување, зимата не завршува со дочекот на новата година, напротив, тука започнува. Замисли, уште цели два месеци ќе носиш капа на глава, па барем нека биде некоја добра, а?

 

Карти за балет

Едно од нашите омилени зимски мини-комбинации, ја отвораш вечерта со театар / балет / опера, ја затвораш со греено вино. Како измислено за досадни среди.

 

Шолја за кафе од Тиноски

За денови како овие, кога би јадела мусли за доручек, ручек и вечера само за да не мора да одиш до продавница на ладното, неопходно е да поседуваш добра шолја за кафе. Размисли само, по цели денови ќе ја гледаш.

 

Греачи од Women’s Secret

Во моментов сме спремни да инвестираме во секаков тип на греачи. На скала од 1 до 10, колку е страшно ако врз греачите ставиме и капа, онака, за дупла заштита?

 

Каиш од Mango

А затоа што секој капут, без разлика колку прекрасен, ќе ти здосади после еден месец, пробај еден од нашите трикови и зачини ги работите со добар каиш врз капут.

 

Брошеви

Кој би рекол дека еден брош може да биде кул? Ние сигурно не, ама еве не денес целосно опседнати со брошеви со вселенски чинии и кинески мачки. За среќа прилично се популарни моментално, па лесно се наоѓаат добри брошеви по продавници.

 

Постелнина од Simple.

Единственото подобро нешто од топла постелнина е убава и топла постелнина.

 

Шал од Superdry

Веќе ја препозна капата на твојот живот (ок, сезона)? Знаеш што е следно.

 

Алатка за Super Mario ротквици

Ако си како нас, тогаш обожаваш да купуваш работи кои воопшто не ти требаат. Ама пробај и најди некој што ќе може да одолее на ротквици што изгледаат како печурките од Super Mario!

 

Чизми од Geox

Можеби не си фан на чизми до под колено, можеби само сакаш малку да смениш, челзи чизми се секогаш одличен избор.

 

Наметка од Women’s Secret

А зошто да не биде како на филмовите? Кутија сладолед, пењоар и неограничени количини на Hugh Grant филмови?

 

 

Comments

comments