Марта може да биде непредвидлива колку сака, но ние веќе сериозно се спремаме за пролет.

За Американците пролет е повод за сериозно чистење на домот, но среќа, не сме Американци (освен Диме), зашто за нас пролет е само уште еден сериозен повод за добар шопинг. Време е да ги спакуваме шаловите и ракавиците и да ги извадиме наочарите за сонце. Но не оние старите, тие ни здосадија веќе.

Подолу е листата на работите што поубавиот дел од Reborn посакува да ги купи овој месец. Уживај!

 

 

Јакна од Springfield

Можеби во комбинација со пролетна чанта и пролетен новчаник би било премногу, но само замисли ја јакнава во комбинација со црни фармерки и добри патики.

 

Кондури од Mango

Има нешто неверојатно во овие кондури, како што би рекле оние кои се трудат да звучат француски – има нешто Je ne sais quoi во овие кондури.

 

Очила од Parfois

Пролет или зима, небитно, ние засекогаш остануваме заљубени во стилот на Mathilda во Léon: The Professional.

 

Папучи од Women’secret

Затоа што некогаш мора да отидеш дома и да направиш пауза од шетањето на сонце, зошто да не си го разубавиш одморот со неодоливи папучи како овие?

 

Новчаник од Parfois

Многу е несериозно да поседуваш ташна со птици ако во неа немаш уште попрекрасен новчаник со птици, нели?

 

Detangle четка за коса што мириса на ананас

Ја злоупотребувам ситуацијава да изјавам дека животот ми се смени кога купив ваква четка за коса. Верувај ми, засекогаш ќе ни бидеш благодарна.

 

Постер од Преплет

Пријателките од Преплет имаат нова колекција, а нас особено ни се допаѓа овој постер кој нè потсеќа никогаш да не прекинеме да сонуваме.

 

Обетки Mei Ro

За среќа ние не се менуваме секој пат кога времето се менува, што значи дека сè уште се трудиме да ги поддржиме локалните креативци.

 

How Music Works од David Byrne

Еднаш, многу оддамна посветивме напис за книгава. Верувај, дури и доколку не си затрескана во музиката на Talking Heads, многу работи ќе научиш од David Byrne.

 

Choker од Parfois

Стилот на Mathilda за жал не е комплетен без choker како овој. Ако не се чувствуваш доволно храбро да ја носиш комбинацијата на работа, наскоро е први април.

 

Брошеви од Mango

Да, сè уште сме опседнати со брошеви и не, нема никогаш да престанеме да ги носиме. А пролет е прекрасен период, затоа што брошеви најдобро се закачуваат на тексас јакна.

 

Чанта од Parfois

Што вика пролет повеќе од оваа мала чанта со весели птици, која ужасно многу не потсеќа на Miu Miu (но чини многу, многу плати помалку)?

 

Блуза од Mango

Замисли ја одново комбинацијата – црни фармерки, добри патики и пролетна јакна. Сега додади ја и оваа блуза во комбинацијата.

 

 

Comments

comments