Фотографии: Александра Костадиновска

 

Кога ќе помислам на брза храна, помислувам на помфрит.

Помфрит е најверојатно брзата храна што нуди најмногу опции – луѓе ја обожаваат како предјадење, како додаток, па и како главно јадење (со сирење или друг додаток). Во Македонија најверојатно најпопуларна од овие комбинации е помфрит со кечап и мајонез. Сите сме ја јаделе како деца (тогаш кога имавме супер-брз метаболизам), а денес кога сме свесни за последиците, секојдневно се бориме за да и одолееме.

Во овој серијал од текстови приготвен во партнерство со Oriflame и нивната нова Протеинска мешавина (која може да се додаде на секое јадење без да го промени вкусот), припремивме вкупно 3 здрави алтернативи на популарни брзи јадења, сите од нив додатно појачани со протеини.

Во потрагата по здрава (и вкусна!) верзија на помфрит, онаква од која ќе може вечерта мирно да спиеме, дојдовме до печен помфрит од сладок компир (подготвен во кокосово масло), а наместо кечап и мајонез, како додаток припремивме сос од сенф и мед појачан со новата Oriflame Протеинска мешавина.

Доколку и ти се наоѓаш во групата „можам да јадам само помфрит секој ден и никогаш да не ми здосади“ пробај ја нашата здрава верзија:

 

 

Потребни состојки:
  • 1-2 слатки комипири
  • 2-3 лажици кокосово масло
  • Сол, бибер и оригано
  • 1 супена лажица Oriflame Протеинска мешавина
  • 1 мала лажица мед
  • 1-2 големи лажици сенф
  • 1 мала лажица грчки јогурт

 

Начин на припрема:

Најпрвин загреј ја рераната на 230 степени.

 

(1) Излупи и исецкај го компирот на долги парчиња.

 

(2) Спреми го помфритот за печење

Стави ги компирите во голем сад и додади: 2-3 лажици кокосово масло, сол, бибер, и оригано (по вкус). Откако убаво ќе ги измешаш компирите, нареди ги на тава за печење, внимавајќи да не ги наредиш преблиску еден до друг.

 

(3) Печење

Компирите треба да се печат на 230 степени додека не станат кафени и меки, отприлика 30-40 минити. Внимавај да не ги препечеш (секоја рерна е различна), па после 30 мин провери ги боцкајќи ги со вилушка.

 

(4) Припреми го сосот

За да го припремиш сосот, во мал сад измешај 1 мала лачика мед, 1-2 големи лажици сенф, 1 мала лажица грчки јогурт и 1 супена лажица од Протеинска мешавина на Oriflame. Доколку сосот е премногу густ, додади му лажичка вода. А по вкус можеш да додадеш повеќе мед, сенф или сол.

 

Comments

comments