Фотографии: Александра Костадиновска

 

Ако сте студенти (постари од 18 години), тимски играчи, сакате авантура и најверојатно веќе не ве задоволуваат оние „обични Wizz Air патувања” тогаш Red Bull има предизвик за вас.

Се работи за Red Bull #canyoumakeit2018 предизвикот, кој ќе се одржи во април 2018 година. Над 200 студентски тимови од 60 земји учеснички меѓусебно ќе се натпреваруваат за тоа кој ќе стигне до крајната дестинација: Амстердам и кој ќе собере повеќе поени. Но, тоа не е сè – учесниците ќе треба да успеат во рок од седум дена да стигнат до целта, притоа користејќи само едно платежно средство, лименки Red Bull!

Дали сте подготвени за авантурата на вашите животи, или да го преформулираме прашањето… Can you make it?

 

 

Сепак, мора да постојат некои правила и услови кои мора да ги исполните ако сакате да бидете дел од оваа несекојдневна авантура:

Прво нешто што треба да направите е да оформите тричлен тим од пријатели, каде секој треба да биде редовен студент, постар од 18 години и истиот да го пријавите тука.

Рокот за пријавување е започнат и ќе трае до полноќ на 15 февруари.

Следниот чекор е создавање на видео снимка во должина од една минута каде што ќе објасните зошто треба да биде одбран токму вашиот тим. Видеото може да го снимите како што сакате и можете, со телефон, со професионална камера, преку Instagram или Snapchat приказна, да го споделите на Youtube или Vimeo и да се пријавете!

 

 

Напомена: Најважната работа при креирањето на видеото се вашата фантазија и оригиналност, а потоа и способноста вашето видео да го промовирате на јавно гласање.

Вашата оригиналност дефинитивно ќе ви помогне при собирањето поддршка од фановите затоа што тимовите со најмногу гласови од секоја земја ќе станат финалисти. Потоа, жирито ќе ги избере победниците од финалистите, откако ќе заврши гласањето и одбраните тимови ќе бидат префрлени до една од петте стартни точки во Европа (Мадрид, Будимпешта, Манчестер, Стокхолм или Рим).

Напомена: Тоа што сте од Македонија не значи дека ќе стартувате од најблиската точка (Будимпешта)!

Откако ќе го изберат вашиот тим, се појавувате на појдовната точка и ако се прославите во гласањето на жирито, ќе ги предадете сите пари, картички и телефони што ги поседувате во моментот во замена за 24 лименки Red Bull и телефон со неограничена размена на податоци, кои ќе бидат вашиот единствен начин/валута преку кој ќе успеете да стигнете до храна, сместување, транспорт и голем број на неочекувани авантури. Од овој момент сте оставени сами на себе, за како знаете и умеете да ги со креирате патот до крајната дестинација, Амстердам.

 

 

Важна напомена: Многу е важно низ целото ваше патување да посетите најмалку 6 контролни точки пред крајната дестинација, каде ќе треба да ги решите поставените задачи. При решавањето на задачите, од вас ќе се бара сериозна стратегија и креативност, а наградата се повеќе лименки преку кои ќе можете да го продолжите патот! И секако, треба да бидете активни на социјалните медиуми преку споделување на слики и видео снимки.

Тоа е сè што треба за сега да знаете, но не грижете се, во наредниот период ќе ве очекуваат серија на текстови преку кои ќе се запознаете со финтите и пар одлични идеи од претходните години, кои дефинитивно ќе ви дадат добри насоки и идеи за креирање на нешто ново и на уште полудо видео.

 

Comments

comments