Фотографии: Амел Амед

 

Овој понеделник се оддржа картинг натпреварот организиран од Red Bull и Макпетрол.

Правилата за учество во натпреварот беа: Сите потенцијални кандидати да купат Red Bull 2 Pack од бензинска пумпа на Макпетрол, да ја изиграат онлајн играта на сајтот на Red Bull и на крај да се регистрираат со резултатот од играта преку кодот на ваучерот кој следува со секој купен Red Bull 2 Pack.

Во текот на овие два месеци, додека траеше натпреварот, од вкупно 764 играчи кои земаа учество, првите 10 со најдобар резултат ја добија шансата да се борат за главната награда – возење формула на Red Bull Ring во Австрија.

Победник на натпреварот е Дарко Јовановски, кој во тесна конкуренција и многу драма успеа да ги победи останатите 9 натпреварувачи и на крајот на овој месец ќе може да си ги испроба своите возачки вештини во Австрија.

 

 

Comments

comments