Од вкупно 10-те пријавени македонски тимови, тимот Urban Scouts е победникот и македонскиот претставник на Red Bull #canyoumakeit2018.

Тоа значи дека момците од Urban Scouts се финалисти и македонски претставник на Red Bull #canyoumakeit2018 во конкуренција со над 200 студентски тимови од 60 земји учеснички.

Следниот чекор за Team Urban Scouts e да се појават на појдовната точка (Стокхолм), каде ќе ги предадат сите пари, картички и телефони што ги поседуваат во моментот, во замена за 24 лименки Red Bull и телефон со неограничена размена на податоци. Овие лименки ќе бидат нивниот единствен начин/валута, со која ќе треба да си обезбедат храна, сместување и транспорт до крајната дестинација, Амстердам.

 

 

Team Urban Scouts е тричлен тим на пријатели составен од Стефан Шевченко, студент на University of Applied Sciences – Worms и Американ Колеџ Скопје, кој исто така е и професионален гејмер на балканската и европската сцена; Иван Велкоски, познат како Jimmy, студент на ФИНКИ, волонтер и водач на Прв Скопски Извиднички Одред (ПСИО); и Матеј Пунтевски, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии, кој во слободно време тренира кросфит, планинари и вози планински велосипедски тури.

 

Comments

comments