Дизајнери и креативци, сега имате шанса да освоите награда преку ре-дизајн на македонски филмски постери или корици на музички албуми и литературни дела.

Конкурсот „Ремиксувај ја својата културна стварност“ предвидува прва награда од 12.000 денари, втора од 9.000 денари, трета награда од 6.000 денари и пет почесни награди. Осумте добитници ќе добијат и по две книги од издаваштвото „Аксиома“.

За учество е потребно да изберете еден постер на македонски филм, корица на музички албум или корица на литературно дело и да го редизајнирате. Редизајнот може да го направите користејќи медиуми по сопствен избор: фотографија, колаж, графички дизајн, цртеж, дигитален цртеж, скулптура… Конечно, финалниот редизајн во дигитална форма (.pdf формат или скен на фотографија) треба да го испратите на aksiomango@gmail.com. Крајниот рок за испраќање е 5 ноември.

 

 

Останатите детали за аплицирањето може да ги дознаете овде.

Победниците ќе бидат прогласени на 15 ноември во Кино Култура, а ќе биде одржана и јавна дебата на тема „Новите медиуми и авторските права помеѓу криминализацијата и културната виталност“. Проектот „Ремиксувај ја својата културна стварност“ е финансиски подржан од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Comments

comments