Вчера бевме на овторањето на новата моно-бренд Replay продавница изработена по најновиот концепт на ентериери на брендот, кој вклучува и ѕид покриен со природно зеленило.

Во краткиот моден перформанс беа прикажани неколку носечки стилови за сезоната. За девојките тука се црно белите комбинации, со моторџиски детали и јарки црвени елементи, бомбер јакните, неизбежниот џинс и војничко зелените парчиња. Кај момците забележливи беа парчињата со различна текстура, неочекувани детали како патенти кај кошулите, џинс и карго панталони во различни нијанси. Колекцијата „Burning Man“, наречена по познатиот фестивал вклучува парчиња со интересен крој, направени од лесни материјали и бои кои се мешаат и прелеваат.

Дополнување на модниот перформанс беше и настапот на Beatrix Crew, кои практично ги покажаа можностите за непречено движење и танцување кои ja нуди „Replay Hyperflex“ колекцијата. Освен многубројните нијанси во кои доаѓаат фармерките, материјалите од кои се изработени се резултат на долгогодишно инвестирање во технологијата чијшто резултат се модели кои изгледаат одлични и се ултра удобни.

 

 

Comments

comments