Ако си фанатик за научна-фантастика (што значи го обожаваш Back to The Future), прекини сега со читањето и пушти „RICK AND MORTY“!

Серијата е практично цртан-пародија на „B2TF“, со неколку промени во детали. Под еден, во универзумот на „Rick and Morty“ нема DeLorean (што продолжуваме да се надеваме дека ќе се појави во некоја следна епизода). Второ (од сто, ама тука застанувам), можеби и највпечатливо – „Doc“ (или Rick од дуото R&M) е алкохоличар кој во лабораторискиот мантил чува плоска и скоро со секоја интердимензионална авантура се соочува пијан.

Rick-and-Morty1

Ако си реалист, фан на директни муабети и најголем проблем од секојдневниот, модерен живот ти се куртоазните разговори – престани да си го трошиш времето во читање за „RICK AND MORTY“ и оди гледај „RICK AND MORTY“.

Нафрлам само пар од моите омилени изреки од серијата. Нивната порака: (1) Школото е само трошење време, и (2) Љубовта е за будали.

(1) Ќе ти кажам што мислам за школото Jerry – тоа е само трошење време. Многу луѓе кои трчаат наоколу удирајќи се еден од друг. Еден од нив стои напред, и кога ќе каже „2+2“ чека тие пред него да викнат „4“. Тогаш ѕвони ѕвончето и ти даваат млеко во картон  и парче хартија на кое пишува дека може да идеш да какаш или нешто слично. Мислам, не е тоа место за пеметни луѓе, Jerry. Знам дека не е тоа популарен став, ама тоа е што јас имам да кажам на темата.

(2) Тешко ми е да ти го соопштам ова Morty, ама она што луѓето го викаат „љубов“ е само хемиска реакција што ги тера животните да се парат. Те удира силно, Morty, а после пополека бледее и те остава заглавен во пропаднат брак. Мене ми се случи тоа. Ќе им се случи и на твоите родители. Прекрши го циклусот Morty, издигни се над тоа, фокусирај се на наука.

 

 

Уште не те купив? Ок, идеме во повеќе детали.

За што е „Rick and Morty“? R&M е научно-фантастична комедија замаскирана во топла, фамилијарна, анимирана атмосфера. Да речеме дека е дрска верзија од комбинацијата на The Simpsons (или уште повеќе – Futurama) и Doctor Who (невозможно е да пропуштиш дека воведната песна е референца на Dr. Who).

Серијата е за интердимензионалните, интерстеларни авантури на убер-генијалниот изумител (дедо Rick) кој е доволно паметен да направи сè што може да му текне на твојот мал ум: да се телепортира, да те замрзне, да патува низ различни димензии… и неговиот не-толку-брилијантен внук Morty (името е референца на Marty од „B2TF“) кој е еден чуден и осетлив тинејџер. Но повеќе од тоа, станува збор за една прекрасно-чудна серија со голем поп-културен аспект, некогаш насилна, бескрајно „quotable“ (ок, инсистираме на македонски изрази, ама…) и често интелектуално ригорозна.

Очигледно не потпаѓа на никакви логички ограничувања и токму тоа е она што ја прави толку стимулирачка и не-сакам-да-кажам-посебна. Креативноста нема никакви граници што на моменти предизвикува тотален ментален пораз кај гледачите. Во една иста епизода го откриваме концептот на бифуркација (морав да го гуглам ова) и да ја гледаме мајка му на Morty како изведува импровизирана операција на елен.  

Плус, што повеќе ти треба? Една епизода од првата сезона се вика Close Rick-counters of the Rick Kind.

 

 

За вие таму што веќе ја следите серијата, еве неколку интересни информации (ми кажаа дека луѓето го сакале тоа).

  • Гласот на двајцата протагонисти (Rick и Morty) го дава Justin Roiland – еден од креаторите на серијата. (ок, не делува воодушевувачки додека всушност не ги чуеш гласовите)
  • Ren and Stimpy е огромна инспирација за серијата.
  • На неколку наврати се повикува Douglas Adams (Hitchhiker’s Guide to the Galaxy).
  • Има и Rick and Morty стрипови.
  • Уште еден доказ за тоа дека серијата во огромен дел се базира на „Back to the Future“ е ова видео кое Justin Rolland го направил во 2006.
  • Al Jean и Matt Grоening го поканија Justin R. да направи воведна сцена за „The Simpsons“ епизода. Резултатот е прекрасен.

 

Comments

comments