Ова е текст од новиот серијал во кој нашите другари кои отсекогаш се облекувале подобро од нас ќе ги споделуваат личностите заслужни за нивниот изострен осет за естетика и стил.

 

Во една прилика неверојатниот Yves Saint Laurent забележал дека „Fashions fade, style is eternal“.

А јас се сложувам со него. Токму стилот е тоа што е заслужно за било какво мое или твое восхитување према нечиј изглед, или со други зборови – добриот безвременски стил е тоа што една личност ја прави модна икона.

Тоа што го нарекуваме модно освестување можам да го препишам на низа едноставни работи, на сè што ме опкружува уште од почетокот на моето постоење. Тргнувајќи од моето семејство полно со неверојатни личности, преминувајќи на моите први допири со модата и себе-изразувањето и завршувајќи со сè што некако и некогаш допрело до мене од лево, десно, горе или доле и ги изострило моите сетила.

Но да се воздржам од раскажување на бескрајни приказни, ќе продолжам со издвојување на неколку личности кои за мене засекогаш ќе важат за божества на темата стил.

 

 

Моите баба и дедо

Во плакарите на баба ми и дедоми сè уште се пикам, од време на време, и секогаш успевам да најдам evergreen парчиња кои ги додавам на мојата колекција. Тие отсекогаш претставувале одличен пример за како треба да изгледаат една жена и еден маж.

 

 

Grace Jones

Диско кралицата која прави да се осеќаш максимално слободно во што и да помислиш да „влезеш“. Grace ја има дефинирано уметноста на сценските костими и секој пат кога ќе ја погледнам си помислувам дека доколку сакаш – светот е твојата сцена.

 

 

Elizabeth Taylor во Cleopatra (1963)

Elizabeth Taylor секогаш и секаде е прекрасна. Но ја издвојувам како пример нејзината улога во Cleopatra (1963) затоа што од вистинската Клеопатра можеме да видиме само биста и да продолжиме да веруваме дека изгледала добро како Elizabeth Taylor.

 

 

Jane Birkin

Кога ќе го слушнам зборот „ноншалантно“, истиот момент помислувам на прекрасната Jane Birkin. Jane не потсетува дека никогаш не треба да се посомневаме во тоа дека може да изгледаш неверојатно добро во едноставна комбинација од фармерки и маичка. По тој повод, да повториме дека simplicity is the ultimate sophistication.

 

 

David Bowie

„The man from outer space“, ни помалку ни повеќе.

 

Comments

comments