Јануари по сè изгледа е месецот на Кино Карпош.

Оваа сабота Кино Карпош ќе го прослави својот 9-ти роденден и секако, традиционално ќе се ја одржи Филмската Академија, која по 9-ти пат ќе додели оскари на најдобрите актери. А покрај тоа, тие месецов го лансираа и својот нов веб сајт, кој ќе биде онлајн информатор за тоа што се нуди во Кино Карпош, на неделно и на месечно ниво.

Тоа што нас моментално најмногу не интересира се Оскарите. Гласањето за најдобра поединечна и групна маска трае до денес на полноќ (можеш да гласаш тука). Побрзај ако сакаш твојот фаворит да победи.

 

 

Жирито ќе бидете вие, гостите на Кино Карпош, а свечената церемонија за доделување „Оскари 2018“ ќе се одржи на 27-ми јануари, сабота, со почеток во 13.00 часот и ќе биде пропратена со соодветна роденденската забава.

Оскарите традиционално ќе бидат изработени од старо рециклирано железо, од страна на познатиот уметник, Владо Костов. Со овој подвиг, Кино Карпош сака да ја подигне свеста кај урбаните момци и девојки, ставајќи акцент на уметността која преферира имагинација и перцепција, истовремено сфаќајќи ја важноста на заштитата на Земјата. А пред сè, вербата во намалувањето на потрошувачката и во реупотребата и рециклирањето на материјалите.

 

Comments

comments