Ако треба да одвојам три лични работи по кои ќе го паметам минатото лето, тоа би биле: (1) лансирањето на Reborn, (2) првата тетоважа и (3) ремек-делото на Jamie XX.

Бев тотално фасциниран од вожњата помеѓу топли и ладни бои, идеи и чувства кои Jamie успешно ги поврзува во албумот. Кога го слушам, визуализирам. И уште по првото запознавање со „Gosh“, си помислив: „песнава си плаче за добар спот.“

Еден од моите идоли и арт инспирации, Romain Gavras, очигледно го доживеал истото кога се запознал со дебитантското соло на Jamie XX. Една година подоцна, Romain го споделува ова:

 

 

Romain Gavras е француски режисер (со грчко потекло) најпознат по неговото музичко видео за песната Born Free од M.I.A.. Тој исто така стои позади спотовите за „No Church In The Wild од Kanye West и Jay Z и (мојот личен омилен) Stress од француското електро дуо — Justice.

 

Comments

comments