Од 3 до 9 мај ќе се одржи саемот за книга под слоганот „30 години читаме со задоволство”.

Саемот го организира Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура на РМ, и ќе се одржи за прв пат во ВИП Арена Борис Трајковски. Учество во саемот ќе земат сите значајни издавачки куќи од земјата, но и изложувачи кои пристигнуваат од регионот.

По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. Работното време на саемот е од 10.00 до 20.00 часот.

На штандовите со книги посетителите ќе може да најдат изданија од домашни и странски автори, енциклопедии, белетристика, стручна и научна литература, дела од областа на културата и уметноста, книги за мали и деца и прибор за училишта, учебници и училишни прирачници, факултети, просветни и истражувачки институти.

 

Comments

comments