На 21 јули (сабота), Sajsi MC, српската хип-хоп/треш дива, ќе настапи на првото издание на Beach Film Festival на плажата Оревче, Охрид.

Оваа година, од 19 до 22 јули, Охрид за прв пат ќе биде домаќин на филмскиот фестивал на нов европски филм наречен „Beach film festival“. Фестивалот, поддржан од Агенција за филм на Република Македонија, ќе се одвива на неколку локации низ Охрид, а главната програма ќе се реализира на плажата Оревче.

Идејата на фестивалот е да го зајакне дијалогот, критичката рефлексија и акцијата, преку проекции на филмови од европска продукција. Па покрај филмската програма, ќе вклучи и едукативна и интермедијална програма.

 

 

На крајот од дневните фестивалски активности и вечерните филмски проекции, секоја вечер на полноќ на плажата Оревче ќе се одржи забавна програма – концерти и настапи на докажани домашни и интернационални бендови, изведувачи и диџеи.

Еден од гостите кои ќе настапат на фестивалот е Sajsi MC, новата треш/поп балканска кралица. Нејзиниот настап е резултат на колаборацијата помеѓу „Beach film festival“ и Блендер, фестивалот за децентрализирана култура, кој се труди да ги поттикне и поддржи индивидуалците и организациите во промовирањето на културата и уметноста во балканските мултиетнички општества, меѓу кои и Македонија.

Повеќе информации за програмата на фестивалот ќе објавиме наскоро, а дотогаш следете ги на Facebook.

 

Comments

comments