Во чест на месецот на поезијата, ги споделуваме моќните зборови на нашите пријатели и сограѓани ХАХАХА.

///

Сакам дома да живеам

Денес се разбудив, го измив лицето, сонував еден ист сон.
Ги истрив очите, прогледав повторно, овде ништо не ми е убаво.
Влегов во автобус, патував предолго.
Ги гледам луѓево, глави наведнати, се возат еден до друг стиснати.
Некој влегува, некој излегува, никој ништо не верува.
Тука се родија, што ли погрешија?

Живеам во голем град и долго патувам, а никаде не стигнувам.
Секој ден исто е, робови останавме на тие чии се фабриките.

Која е врската меѓу нас и оние, што ги градат спомениците?
Ние работиме за да преживееме, дома сме кога спиеме.
Сакам да заспијам, дома да живеам.

 

 

Comments

comments