Доделуваме два билети за настапот на DJ San Proper овој петок во Сектор 909. Лајкни го статусот на Facebook и тагни го твојот пријател/ка (во Facebook коментар) со кого би сакал да одиш на журка. Добитниците ќе бидат одредени на 24.08.2018 (петок).

Дали сте спремни за уште едно несекојдневно и интересно гостување во Сектор 909? Се работи за DJ San Proper, можеби најексцентричниот лик во светот на андерграунд хаус музиката, кој овој петок ќе настапи во Сектор, во организација на тимот на самиот клуб, a со поддршка од Neuland.

Со музички распон од хаус до техно, па сè до фанки и диско звуци, DJ San Proper дефинитивно е еден од највозбудливите и најразновидните диџеи на денешницата.

Роден, израснат и живее во Амстердам, San Proper повеќе од 20 години е директно инволвиран во електронската андерграунд сцена. Тој својата музичка кариера ја започнува како член на неколку бендови, за после извесно време да се префрли кон организирање на забави како промото во дел од најдобрите клубови во Амстердам.

 

 

На глобално ниво станува популарен кога потпишува за Rush Hour Recordings и го издава EP серијалот Proper’s A’dam Family Series кои потоа беа ремиксувани од артисти како што се Laurent Garnier, Ricardo Villalobos и други.

Од пред извесно време е член на Dekmantel екипата за која има издадено неколку музички парчиња, а исто така е и резидент ДЏ на Dekmantel фестивалите, едни од најпосетуваните и најпознати светски фестивали за електронска музика.

Покрај неговата успешност како продуцент и ДЏ, San Proper има и своја радио емисија „Dr San Proper Soul Show“ на култната амстердамска музичка платформа Red Light Radio.

 

Comments

comments