Сандра Мојсова е дизајнер и магистер по архитектура
Инстаграм: @sandra.mojsova и @cactus_sk
Фотографии: Елена Фиданска

 

 

 

1. Најдобро облечен филм е:

„A Single Man“ на Tom Ford, исполнет со винтиџ костими од раните шеесети, елегантни и шармантни. За стилот во филмот е заслужна американската модна дизајнерка, Arianne Phillips, која исто така има работено како дизајнер на „Walk the Line“, филмот за Johnny Cash.

 

2. Ако треба да носам еден ист аутфит до крајот на животот тоа би било:

Широк блузон, фармерки и патики. Комотноста е секогаш најважна.

 

 

3. Омилено архитектонско дело во Скопје ми е:

Македонска Опера и балет, уникаен и вонвременски објект со специфично, скулптурално обликување.

 

4. Никогаш нема да ги фрлам:

Levi’s фармерките од мајка ми, тексас кој никогаш нема да умре.

 

 

5. Последно парче облека кое го купив е:

Чорапи од TIGER, розево-црвени со плав змеј на нив.

 

6. Секогаш со себе носам:

Ранец што ги чува сите тракатанци на едно место, па малку е потешко да ги изгубам.

 

 

7. Локален дизајнер од кого посакувам да поседувам парче е:

Драган Христов – LUDUS со неговиот минимален, чист и неутрален стил.

 

8. Деновите кога не знам што да облечам, облекувам:

Сè во една боја, најчесто црна, па додавам шарен детал. Секогаш изгледа добро.

 

 

9. Се сеќавам кога:

Скришно и зимав на мајка ми облека за да ја изменам како што сакам. Сечев фармерки, додавав други материјали, ги цртав, за такви да ги носам на училиште.

 

10. Дали спомнав дека сум:

огромен љубител на животни, а особено ги обожавам коњите. Израснав со нив, па имав можност уште од најрана возраст да започнам со јавање, со што и ден денес се занимавам.

 

 

Comments

comments