Фотографира: Ана Шолиќ

 

Тимот на Reborn моментално е на полу-бизнис престој во Загреб. Прво посериозно излегување тука ни беше посета на изложбата „A tko si ti” на талентираната загребска фотографка и новинарка, Сара Пуканиќ.

Вечерта ја исполнивме со неочекувана средба со фанови на Македонија (меѓу кои и фотографката која ја гледаш на сликите) и посета на загребската верзија на Балет (клубот, да не дојде до забуна). Што повеќе можеш да очекуваш од еден четврток во Загреб?

Сара Пуканиќ има 26 години, а досега има работено на кампањи за брендови како H&M и Borovo Startas, соработувано со Ана Краш (која дефинитивно ни е “crush”) и уште многу други. Звучи импресивно нели? Особено знаејќи дека во Загреб да успееш во професија како фотографија е можеби еднакво тешко како што е кај нас.

 

 

Дали се сеќаваш на првата фотографија која ја имаш направено?

Татко ми беше фотограф и новинар, што значи дека низ дома имавме многу фотоапарати кои јас првенствено ги користев како играчки. Првите луѓе кои ги имам фотографирано беа моите родители.

 

Во едно интервју од 2016та имаш изјавено дека кампањата за Startas е „твоето најголемото досегашно професионално достигнување”. Бидејќи сме фанови на Startas, би сакале да знаеме нешто повеќе за оваа кампања. Дали сè уште го мислиш ова?

Приказната околу кампањата за Startas започна со повикот кој го добив од нивната продукт-дизајнерка, Ива Чурковиќ, која ме праша дали би сакала да ја фотографирам целата кампања на новите Startas патики. Секако дека го прифатив предизвикот. Startas пред сè е препозналитв и кул хрватски бренд. Оваа кампања верувам дека беше моја отскочна даска, но сепак ме чека долг пат до правиот и вистински професионален и персонален успех.  

 

Доврши ја реченицата: Најудобно се чувствувам кога фотографирам ______________.

Интересни девојки.

 

 

Reborn отсекогаш имал симпатии кон Ана Краш. Кажи ни нешто повеќе за вашата колаборација.

Пред 3 години бев на 3 месечен престој во Америка. Периодот кога бев во Њујорк, преку неколку заеднички пријатели, стапив во контакт со Ана Краш и веднаш и понудив да направиме фотосесија. Токму во тој период од мојот живот почнував посериозно да се занимавам со фотографија и бев пресреќна кога добив позитивен одговор. Целата наша средба траеше околу 20 минути, затоа што Ана имаше уште една фотосесија после мене, но сепак сум задоволна од крајниот резултат и од тоа како излегоа фотографиите.

 

Ајде да поразговараме за твојот последен проект и изложба, „А tko si ti?”. Кога ја посети Јапонија? Дали би можела да ни кажеш нешто за овој твој проект и за тоа што ти остави најсилен впечаток од Јапонија, односно од Токио?

Јапонија ја посетив во октомври 2017, заедно со мојот дечко. Токио го доживеав како град на хаосот, но сето тоа спакувано во еден совршен ред, каде сите се придржуваат до зададените правила. Јапонците ги доживеав како многу затворени луѓе, особено во контакт со странци и туристи.

Но сепак Јапонија е дијаметрално различна култура и нација од западната култура со која ние сме запознаени и беше искуство кое навистина ми се допадна. Токио е прилично интересен визуелно, што тоа ми ја даде идејата за мојата последна изожба.

 

 

Имаш патувано и фотографирано на секакви места од Америка па сè до Тајланд. Кое е местото кое ти има оставено најдлабока трага врз карактерот?

Сите места кои ги имам посетено во животот ме имаат инспирирано и мотивирано, секој на посебен начин. Тајланд ми се допадна поради прекрасните плажи, а Америка бидејќи едноставно е Америка – луда на свој начин. Би сакала да се вратам во Америка, особено во Лос Анџелес и Њујорк.

 

Кој е твојот најголем предизвик во полето на фотографијата?

Да ја искористам моќта на фотографијата за да го прикажам вистинското лице на личноста која ја фотографирам.

 

 

Дали имаш фотографи-идоли?

Морам да признаам дека ми се допаѓа колоризмот на Williama Egglestonea, а од новите фотографки ја почитувам Olivia Bee.

 

Нашиот став е дека моментално егзистираат многу, можеби премногу, фотографи кои се дел од нашата генерација. Дали сметаш дека ти со твојата работа се издвојуваш од толпата? Како би го дефинирала твојот стил?

Секогаш се обидувам да не ги прекомлицирам стварите, да бидат едноставни, а сепак да може да се забележи некаква емоција.

 

Кажи ни нешто повеќе за опремата која ја користиш.

Користам Leika апарат кој го имам наследено од мојот татко.

 

 

Бидејќи сме нови во Загреб, дали би можела да ни ги посочиш трите артисти кои се кул и активни на сцената и кои мислиш дека треба да ги знаеме?

За фотографија – Влатка Фуего, дизајн – Марија Кулушиќ и музика – Ирена Жилиќ.

 

Што е следно за Сара Пуканиќ?

Последниов период работев на една кампања за накит, па во брзо време би требало да заврши и да се објават финалните резултати. Едвај чекам да видам што сме направиле. 🙂

 

Fotografije: Ana Šolić

 

Reborn tim je trenutno u polu-poslovnom posjetu Zagrebu. Prve večeri svog boravka posjetili smo otvorenje izložbe „A tko si ti?“ talentirane zagrebačke fotografkinje Sare Pukanić.

Ostatak naše večeri obogatio je slučajan i nekonvencionalan susret s fanovima (države) Makedonije (među kojima je i djevojka koju možete vidjeti na fotografijama). Što smo više mogli poželjeti od izlaska četvrtkom u Zagrebu?

Sara Pukanić ima 26 godina i do sada je radila na kampanjama za brendove kao H&M i Borovo Startas, surađivala s Anom Kraš (koja definitvno je nas “crush”) i brojnim drugima.  Zvuči impresivno, zar ne? Svakako treba uzeti u obzir da je fotografima u Hrvatskoj podjednako teško uspjeti kao i u Makedoniji.

Saznajte više o Sarinoj bogatoj i inspirativnoj karijeri u intervjuu koji nam je dala povodom otvorenja izložbe.

 

 

Sjećaš li se prve fotografije koju si snimila u životu?

S obzirom da mi je tata bio fotograf i novinar, imao je doma puno fotoaparata koje sam koristila tu i tamo, više kao igračke. Mislim da su moji roditelji bili prvi ljudi koje sam fotografirala još kao malo dijete.

 

U intervjuu iz 2016. godine kampanju koju si napravila za Startas navodiš kao svoj najveći dotadašnji uspjeh. Veliki smo fanovi tog projekta i voljeli bismo saznati kako je došlo do suradnje i smatraš li je još uvijek svojim najvećim postignućem?

Produkt dizajnerica Startasa Iva Čurković ponudila mi je da fotografiram kampanju za redizajnirane nove Startasice i ja sam pristala jer Startas smatram prepoznatljivim hrvatskim brandom. Mislim da mi je to u neku ruku bila odskočna daska, ali isto tako smatram da me još čeka dug put do istinskog uspjeha.

 

Dovrsi: “Najugodnije se osjećam kada fotografiram ______________.”

Zanimljive djevojke.

 

 

Reborn oduvijek ima “crush” na Anu Kraš. Reci nam kako je došlo do tvoje suradnje s ovom umjetnicom?

Kako sam prije tri godine provela tri mjeseca u Americi, posjetila sam i New York, a tamo sam preko zajedničke poznanice uspjela dobiti kontakt od Ane Kraš te sam joj se javila za fotkanje. Tada sam se tek počinjala ozbiljnije baviti  fotografijom te sam bila jako sretna kada je pristala na fotografiranje, Susret je trajao doslovno 20 minuta jer je ona već očekivala nekog drugog fotografa. Zadovoljna sam fotografijama, iako je fotografiranje kratko trajalo.

 

OK, sada prelazimo na tvoje zadnje radove i izložbu pod nazivom “A tko si ti?”. Kada su snimljene fotografije Japana? Reci nam malo više o svom iskustvu posjeta Japanu i impresijama koje si stekla tamo.

Posjetila sam Japan u 10 mjesecu s dečkom. Tokyo je na mene ostavio dojam grada potpunog kaosa, ali koji je u savršenome redu, jer se svi  pridržavaju pravila i propisa. Japanci su jako zatvoreni, pogotovo prema strancima. To je ono što sam zamijetila dok sam boravila tamo. Svakako je skroz drugačiji od zapadne kulture i to iskustvo me se dojmilo. Jako je zanimljiv s vizualne strane, upravo mi je to pomoglo da dobijem inspiraciju za fotografije s izložbe “A tko si ti?”.

 

 

Što se tiče putopisne fotografije, posjetila si brojne zanimljive destinacije – od juga SAD-a sve do Tajlanda. Koja destinacija je na tebe osobno ostavila najjači dojam?

Sva mjesta na kojima sam bila su me se jako dojmila, svako mjesto na svoj način. Tajland me se dojmio najviše zbog prekrasnih plaža, dok me se Amerika dojmila zato što je Amerika i zato što je suluda na taj svoj američki način. Voljela bih se vratiti u Ameriku, pogotovo u LA i New York.

 

Što je po tebi najveći izazov profesije koju si izabrala?

Prikazati osobu onakvom kakva ona doista jest kroz fotografiju.

 

 

Imaš li vlastite fotografske uzore? Tko su oni?

Jako volim Williama Egglestonea i njegov kolorizam. Od novijih fotografkinja jako mi se sviđa Olivia Bee.

 

Smatramo kako u našoj generaciji ima puno, možda čak i previše fotografa. Čime se ti razlikuješ od ostalih? Kako bi opisala svoj stil ili pristup?

Uvijek pokušavam ne previše komplicirati, već sve napraviti jednostavno, a da opet bude vidljiva emocija.

 

Reci nam malo više o opremi koju koristiš u svom radu?

Koristim Leica fotoaparat, koji sam naslijedila od tate.

 

 

Novi smo u Zagrebu. Možeš li nam spomenuti troje mladih umjetnika o kojima moramo saznati nešto više dok smo ovdje?

Photographer – Vlatka Fuego, Designer – Marija Kulušić, Musician – Irena Žilić.

 

Što je sljedeće na redu za Saru Pukanić?

Radila sam jednu kampanju za nakit, koja bi uskoro trebala ugledati svjetlo dana. Jako se veselim tome. 🙂

 

Comments

comments