Сашко Костов со концертна промоција на неговиот нов и 5-ти по ред соло албум „Крик и прашина” Промоцијата ке се одржи на 20-ти април – Сабота во МКЦ, со почеток од 21:30 часот.

Осумте песни – „Прашина“, „Еј, еј“, „Ништо посилно“, „Living“, „Неонски хаос“, „Еве ти сон“, „Здив“ и „Последна“ ја создаваат и проектираат сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.

Сашко Костов со овој албум отвара ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират скоро сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик, напишани заедно со писателката Ана Стојаноска, албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно – експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија.

 

 

Славчо Пеев, Антоније Арангеловиќ свиреа на цел албум а Михаил Парушев, Бојан Петков – Шамба, Анета Качуркова, Александар Ристовски – Принц, Огнен Анастасовски – Окац, се појавуваат како гости на по една песна. Снимено во студиото на Сашко Костов а миксано и мастерирано во Студио „Тра ла ла” од Мите Димовски.

„Авторот ги држи сите конци во своите раце, високо поставувајќи ги критериумите на модерната поп музика, издигнати од длабоката заслуга на соул, фанк, џез-рок, соул-џез, соул-поп, и уште неколку фузиски жанрови,” изјавува хрватскиот музички рецензент Терапија. Во продолжение сајтот објаснува дека станува збор за „Бомбастичен, сензибилен, понекогаш мрачен, но емотивен албум со силно ткаење на перфектно поставен музички столб, кој е целосно поврзан со поетиката низ некои ангажирани социо-политички конотации.”

На промоцијата Костов ќе свири со нов бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Дамјан Даневски – тапани, Марио Симоновски – гитара, Кире Ацевски – бас, Симон Облешевски и Мартин Џорлев– клавијатури.

Билети по цена од 200 денари и билет + Цд по промотивна цена од 500 денари, достапни на билетарница МКЦ и online.

 

Comments

comments