Нова приказна се роди по подрумите во Струмица. Во куќа во центарот на Струмица, наспроти стариот театар, Сцена 112 е новото собиралиште на алтернативниот свет.

Висечки велосипеди, интезивни бои, дрвена сцена и ѕидови, плочи, фотографии, винтиџ куфери и ламби се шмекот на овој клуб кој го разубавува ноќниот живот во Струмица.

Во индустриски стил со многу дух и љубов, ова симпатично скриено место во срцето на градот ни порачува дека некогаш и со помал буџет може да се дојде до посакуваното, сè додека имаш идеја, креативност и посветеност кон она што го правиш.

 

064

 

На репертоарот на ова диско се џез и блуз мелодии, а неретко настапуваат и бендови во живо. Досега имаат настапувано Bernays Propaganda, PMG Collective, Мугер Фугер, Новиот Почеток, а во јуни ќе настапува и Телемама. Сцена 112 дефинитивно ја поддржува македонската алтернативна сцена. Но очигледно тие целат и пошироко, па за прв пат ќе настапат и бендот од Словенија, Безбели Апстрактије.

Инаку неслучајно овој ноќен клуб е сместен наспроти театарот. Љубителите на театарот сега имаат можност после добрата и инспиративна претстава да се префрлат на еден поинаков тип сцена проследена со одлична музика и атмосфера. Не е исклучено во иднина овој простор да се користи и за театарски изведби и перформанси.

Сè на сè, Струмица ни докажува дека ноќниот живот и цвета, а младиот и креативен народ активно придонесува за тоа.

 

071063069 copy072IMG_1609IMG_1614

 

Comments

comments