Оваа година земја во фокус е Австрија.

Не знам ама баш ништо за австриски дизајнери. Што е тотално небитно, зашто ми имаат кажано дека имам добро око. Мислам дека ми имаат кажано. Пак е тотално небитно. Затоа што оваа сезона космосот, лукав како и секогаш, сврте неколку коцки само за да ги поклопи Skopje Design Week со мојата потреба за уредување на станот.

Иако не сум сигурна дека и овој мој поход нема да заврши во ИКЕА или со уште еден (не)успешен обид за изработка на крива полица, во најмала рака очекувам пореална инспирација од онаа што ја бркам по Pinterest. Затоа, во стилот на Др. Ватсон (избегнувам клишеа, па не викам Шерлок), ги проверив австриските дизајнери кои доаѓаат на SDW и си избрав фаворити. Фаворити не по убавина на дизајнер, туку по убавина на дизајн, најискрено.

Од сите фаворити дизајнери, си избрав и по некое парче, кое искрено не знам дали ќе го понесат овој пат со себе, но според нивните портфолија – што и да понесат ќе бидам задоволна.

 

BOUW!

Многу добро звучи кога го изговараш. Bouw! Bouw! Bouw! Ха! Како Bowie!

А уште подобро кога ги гледаш, затоа што производите им се феноменални. Се заљубив во LUCY&DOLLY. Морав да го проверам тагот, за да сфатам дека се масички, но, што и да се – изгледаат неверојатно. И иако не би се вклопиле со ништо, ама баш ништо, од мојот мебел, посакувам еден ден да имам дом во кој што ќе се вклопат. Од друга страна, онаа реалната, Nona би се вклопила перфектно.

 

lucy-dolly-table-bouw-1_634

LUCY&DOLLY масички од BOUW!

 

MARCH GUT

Звучи како фирма што произведува појачала. Ама March Gut (лепенка од презимињата на дизајнерите Christoph March and Marek Gut) е уште едно прекрасно дизајн студио. Е ова би го избрала и кога би бирала по убавина на дизајнер. Ама останувам целосно професионална, како што ми доликува, и ако треба да изберам едно парче кое дефинитивно би го додала дома е работната маса, The Secretary. Иако делува како да нема баш многу место за сите чаши кафе што сакам да ги собирам околу мене додека работам, искрено спремна сум да ги сменам навиките за ова биро. Поготово затоа што изгледа неверојатно компактно.

 

marchgut-hocker_04_web

LEO столче од March Gut

 

MAMOWORKS

Ако сакаш да ми продадеш нешто – само стави му гики / математичко име, одма паѓам. Една цела недела го јадев истото чоколадо, само затоа што се вика Kosmos, сериозно не е толку добро. Затоа, фаворит од парчињата на MamoWorks ми е масичката HEXAGON. И за разлика од чоколадото со смокви, Hexagon изгледа реално квалитетно, а според описот – може да се користи и како столче.

Според тоа што го дознавам од Google, Maximilian Moosleitner дизајнерот позади MamoWorks, е неверојатен и работи сè, од продукт дизајн и бренд стратегии до идентити дизајн и фотографија.

 

mamoworks_hexagon-sidetable_1

Hexagon масичка од MamoWorks

 

DIE KØJE

Сè уште се фокусирам на масички и полици, но денот кога ќе се свртам накај мебел за деца, тоа ќе биде накај ова прекрасно, неверојатно, феноменално креветче за бебиња, што изгледа како да е извадено од некој анимиран филм на британско-данска копродукција, JØLLE. Дури и името одговара за анимиран филм.

А додека сè уште немам сериозна причина за гледање бебешки креветчиња, нема да ми пречи ако некој (хинт, хинт) ми ја поклони масичката KØJE, уште еден прекрасен производ на Christian Leidinger и неговиот тим.

 

JØLLE од

JØLLE креветче за бебиња од DIE KØJE

 

Comments

comments