„Исцелител” („Secret Ingredient“) е првиот долгометражен филмски проект на режисерот Ѓорче Ставрески (ние го знаеме од Skopje Remix), а воедно и прв македонски филм кој ќе биде дел од официјалната натпреварувачка програма на филскиот фестивал во Талин (еден од 15-те водечки филмски фестивали во светот).

Македонската премиера на филмот ќе се случи на 19 ноември, на фестивалот „Синедејс“. Го изгледавме трејлерот околу 15-тина пати, во него најдовме многу причини зашто мислиме дека филмот ќе биде одличен, а од нив решивме да ги споделиме 3-те најгоеми:

 

 

(1) #LegalizeIt

Останатиот дел од светот веќе неколку декади објавува филмови кои заземаат позитивен став на тема „марихуана“. Од старите класици како Dazed and Confused, па сè до поновите хитови како Pineapple Express (или, да бидеме реални, било кој филм во кој се појавува Seth Rogan), марихуаната скоро и да стана филмски жанр сама по себе. Овој филм значи дека Македонија конечно го надраснува табуто и на марихуаната и дава важна (и позитивна) улога.

 

 

(2) Александар Микиќ (македонскиот Bryan Cranston?)

Пополека се заљубуваме во актерот кој го глуми таткото во Фамилијата Марковски и едвај чекаме да го видиме во оваа нова и малку поразлична улога. На некој начин не потсеќа на Bryan Cranston, кој својата кариера ја започна како таткото во Malcolm in the Middle, а успеа да прерасне во Walter White – еден од најмоќните криминалци со дрога во историјата на телевизијата.

Останатите улоги во филмот ги толкуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет.

 

 

(3) Музиката на Бранислав, Пеце и Гоце од Фолтин

Пред неколку месеци пишувавме пофални зборови за Фолтин и нивниот саундтракот за Avec l’amour, а особено песната „Дионис“. Затоа, за нас, фактот дека токму тие ќе работат на музиката на овој филм само значи дека шансите да биде одличен се уште поголеми.

 

 

(Бонус) Фотографијата на филмот е одлична

Директор на фотографија е Дејан Димески. Браво за човекот! Еве, погледнете и сами.

 

 

Comments

comments