„Шекспирова 9/1”е филмско остварување на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле од 2014 година, кој дури сега после пар прошетки низ неколку филмски фестивали е достапен јавно (на YouTube) за сите оние кои не успеаа да го видат на кино проекција.

Се работи за краткометражен филмски проект на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле кој ја разработува темата на едно тричлено семејство (млад брачен пар и 6 годишен сон) кое е во потрага по зградата т.е. апартманот апартманот во кој би живееле. Но сепак по наоѓањето на апартманот дознаваат дека неодамна тука починала една стара жена. Од тој момент започнува заплетот.

Во „Шекспирова 9/1” играат: Димитрија Доксевски, Кристина Леловац, Николај Доневски, Гораст Цветковски, Владимир Петровиќ, Симон Манасковски, Емил Рубен, Виолета Шапковска, Лазе Манасков и Жаклина Петровска. Филмот е во продукција на Лазар Секуловски, Горан Трпчевски и Дејан Крајчевски, сценарио на Димитрија Доксевски и Владимир Митревски – Ѓуле, кинематографија на Дејан Димески, филмска постпродукција на Vladimir Mitrevski Production, дизајн на Јован Манов, костимографија на Емилија Ивановска Атанасовска, шминка на Жанета Димитровска.

 

Comments

comments