Haunting Hill House, интелегентна алтернатива на холивудските блокбастер хорори.

Жанр: Хорор, трилер, мистерија

Каде може да ја гледаш: Netflix

 

 

Ќе ти се свиѓа ако:

Ако си фан на хорори, но не од типот на „Texas Chainsaw Masaccre“ или „Friday The 13th“, туку сакаш малку повеќе приказна од „дојде, ги уби сите, преживеа само главниот лик“.

Доколку преферираш психолошки трилер и тензија, наместо експлицитни крвави сцени, ова е серијата која дефинитивно ќе ти предизвика морници од неизвесност. Воедно, ќе ти ги придвижи и мозочните вијуиги со интелигентните мистерии.

 

Потсеќа на:

Пoради проколнатата куќа, проблематичната мајка и мноштвото морничава тензија, ме потсеќа на „The Others“.  И не толку поради сличност во самото сценарио, колку поради генералната атмосфера на неодредена морничавост.

 

Омилена ствар:

Не сум фан на хорори, ама целата сезона ја изгледав во еден здив, токму затоа што не е класична холивудска хорор приказна. Со дејство базирано на новела од Shirley Jackson, серијата има повеќе слоеви и може да се гледа и како квалитетен хорор, семејна драма со одлично развиени карактери и како возбудлива мистерија.

 

Синопсис, без спојлери:

„Шетајќи“ помеѓу минато и иднина, серијата ја раскажува приказната на семејство кое живеело во „проколната“ куќа и прави паралела со членовите на тоа семејство денес, потсеќајќи се на „кобниот ден“.

 

Оцена
4.6Оцена
Reader Rating 3 Votes

Comments

comments