Авангардната поп ѕвезда и во моментов водечка трип-хоп уметница, Sevdaliza, ќе настапува на Д Фестивал 2018.

Со реакции од типот на „аааааа, неееее, нема шанси, купувај карти ОДМА“ беше пречекана веста низ македонските социјалните медиуми дека Sevdaliza ќе има свој настап на Д Фестивал оваа година.

 

 

На 8 јули, на главната бина на Д Фестивал, иранската мега-дива Sevdaliza ќе има свој концертен настап на кој ќе имаме можност за прв пат во живо да уживаме во песните „Human“, „That Other Girl“ и „Sirens of the Caspian“ и остатокот од нејзиниот деби албум „ISON“, за кој музичките критичари велат дека е предвесник на новата музичка ера.

 

Comments

comments