Од 9 до 11 ноември, во просториите на НУ Центар за култура Битола ќе се оддржи „СФЕСТ“, мултидимензионален уметнички настан.

„СФЕСТ“ е уметнички проект чија цел е да ја подигне свеста на граѓаните во Битола за еколошката состојба на нашата животна средина, да промовира чиста животна средина, рециклирање и апциклирање, сето тоа преку користење на различни медиуми.

Идејата за овај настан доаѓа од организациите Сфера Македонија и GREEN, кои се активни и работат на организирање на работилници и настани со различна тематика наменети за сите граѓани на Битола.

 

 

Во рамките на „СФЕСТ“ ќе бидат организирани работилници од македонски и странски уметници, цртање на графити, изложба на фотографии и музички настапи. Деталната програма може да ја погледнете тука.

Eднодневна карта за фестивалот се продава по цена од 100 денари, а блок карта за двата дена по цена од 150 денари.

 

Comments

comments